5 намирници кои ги топат килограмите

Ако сакате да изгубите неколку килограми немојте да мислите дека храната е ваш непријател. Напротив, со изборот на правилни намирници ќе  изгубите повеќе килограми отколку со гладување.

1.

Јајца

Нутриционистите веќе со години се обидуваат да ја вратат репутацијата на јајцата. Јајцата содржат животински протеини, но без маснотии кои ги содржи, на пример, месото. Истражувањата покажаа дека две јајца за појадок наместо житарки или тост овозможуваат загуба на повеќе килограми отколку ако конзумирате оброк богат со јагленохидрати.

2.

Млеко

Докажано е дека комбинацијата на калциум, витамин Д и протеини кои ги содржи млекото со мала количина на масност, како и немасниот јогурт, го поттикнуваат топењето на килограмите, а при тоа се задржува мускулната маса.

3.

Јаболко

Бројни истражувања покажаа дека конзумирањето на јаболко на половина час пред оброкот го намалува внесот на калории, бидејќи влакната што ги  содржи даваат чувство на ситост, а тоа значи дека помалку и ќе јадете. Но, јаболкото има и други предности. Делува како антиоксиданс и ги спречува пореметувањата во метаболизмот, како што се високиот притисок и холестерол. Јаболката содржи и пектин кој се врзува со водата и така ја намалува количината на маснотии која телото ја апсорбира.

4.

Црвено месо

Веројатно не можете да го замислите црвеното месо како диетална храна, но истражувањата покажуваат дека при диета, оние кои јаделе црвено месо изгубиле повеќе килограми од оние кои не јаделе. Причина за тоа е големото количество на протеини во него кои помагаат во одржување на мускулната маса која, секако, и вие треба да ја одржувате со вежбање.

5.

Цимет

Овој едноставен и потценет зачин има голема моќ да го разгради шеќерот. Со конзумирање на една до две лажички цимет секој ден можете да го намалите шеќерот во крвта и холестеролот дури за 10 до 20 отсто. Ставете го зачинот во било-кој оброк, а одличен е и во чај и во кафе.

x

Check Also

3-дневна диета со мандарини

Диетата ќе им се допадне на сите оние кои сакаат протеинска храна ...