5 намирници кои значително ги намалуваат алергиските симптоми

Додека некои се веселат на првите сончеви зраци и убавото пролетно време, за други пролетта е вистинска „ноќна мора“ проследена со непријатните симптоми од алергиите. Но, знаевте ли дека со правилни намирници може да ги ублажите овие симптоми? Еве ги најефиктните пет намирници во борбата против пролетните алергии.

Јаболки – богати се со биофлавоноид, кој исто така е присутен и во лукот, зелката и карфиолот, кој го намалува прекумерното испуштање на хистамини. Конторлирањето на нивото на хистамините ги ублажува симптомите на алергијата.

Куркума – Овој индијски зачин е фален поради своето антивоспалително својство. Но, истражувањата покажуваат дека еден од елементите на куркумата го спречува претераното излачување на хистамини и така ги намалува симптомите на алергии.

Семки од тиква – Пребогати се со магнезиум и само четвртинка филџан дневно од нив е доволно за да ги ублажат симптомите од алергија. Магнезиумот ги опушта мускулите и ги отвора дишните патишта, па полесно се диши. Други одлични извори на магнезиум се и бадемите, семките од сончоглед, овесната каша, брокулата, зелениот зеленчук и темното чоколадо.

Јагоди – Витаминот Ц кој го содржат јагодите не е корисен само за подигнување на имунитетот, туку го намалува и излачувањето на хистамини кое предизвикува чешање на очите, кивање и раздразлив нос. Една студија докажува дека намалениот витамин Ц во организмот предизвикува значајно зголемување на нивото на хистамини во крвта. Јагодите се одличен природен антихистаминик.

Лосос – Богат со омега 3, лососот значително помага во намалување на алергиските симптоми. Омега 3 масните киселини се корисни не само за намалување на алергиите, туку и за појако срце, подобро расположение и подобро помнење.

x

Check Also

Кампања за подигање на јавната свест #Здравyeah – со мали чекори до големи резултати

Целосно нова платформа посветена на вашето #Здравyeah. Фармацевтската компанија Фарманова почнува кампања ...