5 намирници од кујната кои ги лекуваат изгорениците од сонце

Изгорениците од сонце се многу непријатни и ако се мислите како да ги смирите и да ја намалите болката побарајте го лекот во вашата кујна.

Компир – излупете го компирот и исечкајте го на кругови и со нив обложете го изгореното место на телото.

Зелен чај – за игореници на лице најмногу помага зелениот чај. Ставете две вреќички зелен чај во вода и потоа ставете ги на лицето. Благодарение на танинот кој го содржи зелениот чај болката ќе се смири.

Домат – ликопенот кој го содржи доматот е одлична превенција за заштита од изгореници. Но ако веќе дојде до нив, повторно лекот може да го најдете во доматот ако со внатрешниот дел нежно го триете изгореното место.

Краставица – уште една делотворна намирница која ги смирува изгорениците на кожата. Излупете ја краставицата, исечете ја и исцедете го сокот од неа, па додадете глицерин и намачкајте го болното место.

Оцет – ставете алкохолен оцет на памукче и тријте го проблематичното место, непријатното чувство и болка ќе исчезне за помалку од 15-на минути.

x

Check Also

6 митови за слабеењето на кои редовно наседнуваме

Кога милијарди долари се во прашање кои се „вртат“ благодарение на апчињата ...