5 необични начини како да изгледате 3-4 килограми послаби

Летото е пред нас, почнуваат сезоните на плажа и веруваме сакате да се чувствувате самоуверено во костимот за капење кој го носите. И како по обичај, секогаш сме подготвени да загубиме уште некој килограм во овој период од годината. Како да ја отстраниме надуеноста?

Еве 5 необични начини за кои можеби не сте знаеле дека функционираат.

Кажете „не“ на млечните производи

Млечните производи прават надуеност, особено млекото, сирењето и јогуртот. Доколку сакате да дојдете до рамен стомак, избегнувајте ги млечните производи.

Почнете го денот со лимон

Лимонот и тоа како помага во забрзување на топење на мастите. Чаша топла вода со лимон наутро ќе го забрза организмот, секако и ќе го прочисти.

Отстранете ја солта

Солта ја задржува водата во организмот, па оттука сме и потешки дури и до три килограми повеќе. Ако сакате да го збогатите вкусот, додадете црн пипер. Патем, и црниот пипер е одличен борец против мастите.

Пијте вода пред јадење

Често јадеме затоа што сме жедни, а не гладни. Пред секој оброк испијте две чаши вода (негазирана). Гарантирано ќе внесете на тој начин во текот на оброкот барем 300 калории помалку.

Освежувајте го лицето со мраз

Чудно нели, ама делува. Премачкајте го лицето со мраз пред спиење. Ставете коцка мраз на кујнска крпа и бришете го лицето неколку минути. Резултатот е неверојатен – цртите на лицето наутро ќе станат појасни, а надуеноста ќе исчезне.

x

Check Also

3 најдобри смути за слабеење

Ако сакате да ослабнете, најдобро е да конзумирате едно од овие смути ...