5 Пантоне бои совршени за оваа есен

Со симпатичен микс на класичните есенски бои и нијансите за есен 2015 на Пантоне, ова се петте бои кои се совршени за постудените денови.

Кога одредуваат кои бои се „ин“ за секоја сезона во годината, експертите од Пантоне патуваат низ светот да видат кои бои доминираат на улиците. Исто така, тие гледаат и кои бои доминираат во филмовите, на модните ревии, но и меѓу новите автомобили.

Марсала

Бојата на виното Марсала е всушност тренд бојата на цела 2015 година, па така совршена е и за оваа есен. Тоа е онаа нијанса на црвено-кафена боја. Одлично се носи кога е на фустан.

booja 1

Сенф

Една од боите кои ги предлага Пантоне за есен 2015 е сенф нијансата. Според Пантоне оваа боја е топла и носи добри чувства. Сенф бојата особено е прекрасна на џемперите.

boja 6

Маслинесто зелена

Уште една боја која ја преглага Пантоне за есен 2015. Совршена е на панталоните, но зошто да не и на супермодерните комбинезонки.

boja 2

 

Сиво-сина

Трета боја која ни ја предлага Пантоне е сиво-сината. Потсетува на есенското небо кога ќе се замрачи пред дожд. Најдобро се „носи“ на јакна и мантил.

boja 3

Нежно розова

Есента може да биде здодевна со земјените тонови насекаде, па на листата на Пантоне оттука се најде нежно розовата, поќенствена опција, посветла од другите бои. Тие ја викаат „кашмир розова“, и е совршена за октомври и ноември. Одлична е на волнен џемпер и шалче.

 

boja 4

x

Check Also

Колку сте склони кон зависност, според вашиот хороскопски знак?

Зависностите можат да бидат многу различни. Од зависноста за љубовник до физиолошки зависности, ...