5 последици од носење патики без чорапи

Купувате квалитетни патики и почнувате да ги носите без чорапи. Можеби вие ќе издржите подолго во ваквата навика, но нема да издржат вашите патики. При тоа, ќе се соочите со куп непријатности.

Еве ги петте последици кои секој ќе ги почувствува ако носи патики без чорапи.

1. Веќе по првиот ден патиките ќе почнат да смрдат

Можеби изгледа чудно, но без исклучок штом почнете да ги носите патиките без чорапи многу брзо тие ќе почнат да смрдат. И тоа е најнепријатниот резултат од оваа навика.

Само после еден ден ќе мирисаат многу непријатно, а после една недела не ќе можете да ги чувате ни во плакарот. После две недели, тешко дека ќе најдете начин како да ја отстраните страшната миризба од патиките, која не „излегува“ ниту со перење, а уште полошо со употреба на спреј.

2. Ќе ја променат бојата

Секако, внатрешниот дел на патиките многу брзо ќе ја промени бојата, па тие одвнатре ќе стануваат се поцрни и поцрни. Ова црнило исто така тешко се отстранува со перење.

3. Ќе почнат да се кинат на рабовите од внатрешноста

Само по месец-два ќе забележите дека почнале да се кинат пред се на местото каде што е петицата, а потоа постепено и странично.

4.Ќе се појави мувла

По два до три месеци, неверојатно – но ќе се појави и мувла.

5. Ќе си направите пликови на нозете

Без разлика на тоа колку се квалитетни патиките, кога ги носите без чорапи секако ќе добиете пликови на нозете. Пликовите на нозете се прават уште додека патиките се нови. Кога „ќе ги разгазите“ и пликовите ќе исчезнат. А кога тоа ќе се случи, сте го добиле и првиот знак дека патиките полека се упропастуваат и деформираат.

x

Check Also

Како е развиена ТОФ камерата која се приклучи на четворната Leica камера на Huawei P30 Pro

За ниеден љубител на мобилната фотографија не е тајна дека P серијата ...