5 правила како да се испере во машина јакна со пердуви, без да ја уништите

Сезоната на потопли денови е пред нас, па полека ги пакуваме јакните за да ги сместиме во „зимскиот“ дел од гардероберот. Убаво е кога претходно јакната ќе ја испереме, пред да ја спакуваме и „одложиме“ за следната сезона. Но, како да испереме јакна со пердуви во машина за перење без да ја уништиме?

Пред се, јакните со пердуви си бараат внимателно перење и одржување за да го сочуваат својот облик. Најчесто се случува пердувите да се соберат на едно место од јакната и потоа немозможно е да се распоредат.

Следете ги овие пет златни правила за правилно перење на јакна со пердуви и нема да згрешите.

1.За почеток, зимската јакна со пердуви перете ја одвоено од останатата облека. Имено, јакната со пердуви во текот на перењето „набабрува“ и зазема голем простор во машината, па пожелно е да се пере одделно.

2.Кога е во прашање прашокот за перење, заборавете на него. Употребете само течен детергент и тоа наменет за чувствителна облека. Прашокот за перење ќе остави дамки на јакната.

3.Перете ја јакната на програм за чувствителна облека, и тоа на многу ниска температура. Температурата на водата не смее да биде над 30 степени.

4.За да го избегнете проблемот со собирање на пердувите на едно место и „грутките“ внатре во јакната, во машината за перење ставете заедно со јакната посебни топчиња или обични тениски топчиња кои ќе ги изравнуваат пердувите при перењето.

5.Не заборавајте да ја исклучите центрифугата.

x

Check Also

Голема забава за 3тиот роденден на Скопје Мериот хотел

 Со голема прослава, бројни гости и креативен концепт што нудеше многу забава, ...