5 правила за нанесување туш за очи

За повеќето девојки и жени, намесувањето туш за очи е невозможна мисија, но не и за вас! Прочитајте ги следните 5 правила и нашминкајте се како професионален мејкап артист.
  1. Следете го обликот на очите = доколку имате еднаква раздалеченост на очите и тие се во облик на бадем, сите стилови ќе ви прилегаат, но ако имате малку пораздалечени очи избегнувајте го издолжениот облик на линија од тушот, за разлика ако имате очи кои се поблизу, совршено ќе ви прилегаат овие издолжени линии.
  2. Повеќе видови на туш = за почетниците тушот во форма на молив или пенкало е вистинскиот избор, со цел прецизно нанесување, додека за малку поискусните е течниот туш со четка, а крем или гел тушот е совршена средина.
  3. Користете леплива лента или селотејп = за сите кои не можат да ја “погодат“ линијата, супер трик е лепливата лента или селотејпот. Ставете го на долниот дел од линијата на окото со цел да ви биде патоказ за цртањето, потоа одлепете ја лентата и погледнете го супер резултатот.
  4. Смирете ја раката = потпрете ја раката на маса или било која друга површина за да имате прецизно нанесување на тушот.
  5. Поправете ги грешките = ако погрешите при шминкањето, имате одлична помош во овие ситуации од стапчињата за чистење на ушите. Потопете ги во кремот или средството за одстранување на шминката и внимателно поправете ја грешката. За миг ќе имате совршено нашминкани очи со туш.

x

Check Also

Кара Делевињ ги претставува новите кармини на Dior

Супермоделката Кара Делевињ е ѕвезда во новата кампања за кармини Dior Addict Stellar ...