5 правила за паметно пакување на куферот

За да ги избегнете шегите на ваша сметка пред одморот или викендот поминат надвор од градот спакувајте се паметно, а пред да почнете да се пакувате земете предвид едно претправило: не можете цел гардеробер да го понесете со себе.

Правило 5. Одберете економични кутивчиња

Колку повеќе можете збогувајте се од производите за убавина и најголем дел од козметиката оставете ја дома. Особено ако одите во хотел. Ако до толку не можете без креми и купки, држете се до малите пакувања на дезодоранси, шампони и креми или претурете ги во мали шишенца. Тие најмногу го штедат просторот.

Правило 4. Спакувајте ја само основната облека

Не е потребно да влечете гардероба за секоја замислена пригода. Доволно е да одберете неколку парчиња што лесно меѓусебно се комбинираат па секој ден да изгледате дека сте различно облечени. Чевлите се убијци на просторот во куферот, а и немате причина да носите повеќе од два чифта, од кои едните треба да се задолжителни без потпетица за да можете удобно да шетате. Одберете ги оние што имаат неутрална боја.

Правило 3. Заминувате на одмор, а не на екстремно социјализирање

Во својот прирачник за патувања експертот Рик Стивен објаснува како најбезболно да се разделите од својата гардероба и да ја оставите дома. „Запамтете дека одите на одмор, а не на екстремно социјализирање и ако едни панталони облечете неколку пати светот нема да пропадне. Лето држете се до лесни материјали како што се ленот и свилата. Тие не тежат во куферот и не зафаќаат многу место. За да проверите каков избор сте направиле, спакувајте се па потоа прошетајте 10-тина минути со куферот низ домот без да го спуштите. Ако не ве заболе раката, тогаш сте се спакувале паметно.“

Правило 2. Ставете сè на куп, па пакувајте

Пакувајте како да градите. Со техниката на градење се искористува секој слободен простор во куферот. Прво се пакуваат поголемите и потешки предмети како што се несесерите и чевлите, а потоа пакувајте околу нив. Почнете од најголемите предмети и облека кон најмалите.

Правило 1. Понесете само 1 куфер или торба

Ова е основното правило. Еден куфер или торба плус една дневна чанта и латоп ако ви е неопходен. Така нема да изгубите или заборавите ништо, ќе бидете „лесни“ за транспорт во секоја ситуација, а кога ќе стигнете на дестинацијата многу полесно ќе се „пренесете“ во такси или воз.

 

x

Check Also

Новогодишна колеција на H&M

Моделките Хана Фергусон и Андреа Џакону, шефот Маркус Самуелсон и неговата сопруга ...