5 причини зошто да не ги губите тие вишок 5 килограми

Би биле пресреќни ако ги загубите тие пет килограми кои ги сметате за вишок на вас, нели? И цврсто сте убедени дека баш токму тој ситен вишок најтешко се отстранува. Вежбате, гладувате, пробувате секакви диети, ама ништо. Можеби овие 5 информации ќе ве разубедат да престанете да се мачите и да погледнете на себе од поубавата страна.

die 1

Верувале или не, постојат предности на тие 5 килограми вишок.

1.

Килограмите се само бројка. Некој се чувствува многу подобро со вишок килограми, некој пак со помалку килограми, а од друга страна пак, мастите и мускулите се различно распоредени кај секого. Затоа, слушајте го своето тело, а не вагата. Ако сте здрави и полни со енергија, заборавете на тие 5 килограми вишок. Доколку конечно се ослободите од нив, веројатно ќе го ослабнете имунитетот кој ви е неопходен за студените денови.

2.

Светот конечно свати дека треба да го засакаме сопственото тело, зашто само така ќе се чувствуваме пријатно во него. Бркањето на „идеали“ веќе стана минато и е сосема аут. Полничките девојки се враќаат на модната сцена, а ако може да се верува на модните предвидувачи, наскоро се очекува масовно враќање на манекенките со женски облини.

3.

Јо-јо тежината е штетна за вашето срце. Некои истражувања сугерираат дека жените кои имаат променлива телесна тежина (три до пет килограми повеќе, па помалку) имаат и двојно поголем ризик за зголемен крвен притисок и некои срцеви заболувања.

4.

Ако ги изгубите тие 5 вишок килограми, многу лесно за пар месеци би можеле да добиете плус 10. Проверено правило – ако нагло слабеете, се откажувате од вашата омилена храна која кога ќе престанете со диетата и тоа како ќе ја надокнадите, навалувајќи токму на неа.

5.

Ќе имате поцврсти коски. Многу жени патат од остеопороза, а жените со 3 или 5 килограми плус на себе, имаат помал ризик од развој на остеопороза. Исто така, честите диети го скратуваат телото од неопходните намирници, а тоа ги ослабува и коските.

x

Check Also

Крем од банана против упорна кашлица и бронхитис

Неговото дејство е тестирано во третманот на постојана кашлица и бронхитис. Особено ...