Облечен во костум Долче и Габана

5 причини зoшто го сакаме Мајкл Китон, а има и уште…

Мајкл Китон е еден од оние актери кои одбиваат било-каква улога колку да ги има на филмското платно, и токму неговиот еклектичен спектар на улоги во некоја мера работеше против него да изгледа речиси заборавен од Холивуд. Но еве ја Китон ренесансата, со првата номинација за Оскар за улогата во филмот „Birdman”.

Ако не сте негов фан, еве 5 причини да се вљубите во него.

Облечен во Ѕења

Облечен во Ѕења

Откако го собра Златниот Глобус за најдобар актер Китон одржа говор кој набргу стана Интернет-хит. Зборувајќи за својот „најдобар пријател”, говорот изгледаше како да ја достигнува кулминацијата по која следува расплет, а присутните останаа изненадени кога во последен момент тој отрки дека неговиот најдобар пријател е всушност неговиот син Шон Даглас, талентираниот текстописец кој напиша повеќе хитови за Мадона, Давид Гета, Бекстрит бојс и други. Како и да е, говорот беше потресен и срцепарателен.

Мајкл Китон никогаш не направи стенд-ап комедија, и покрај огромниот потенцијал за тоа.  Постои одредена невиност во неговиот избор на материјал, тој е „добра чиста забава”. Во овој клип од Готам клуб снимен во 1980 година, може да се види генезата на некои од неговите подоцнежни ликови. А самиот Китон сеуште за себе вели дека е комичар.

Кога Китон стана Бетмен, фановите на стрип серијата на  Френк Милер станаа хистерични и илјадници писма пристигнаа во студиото. Сепак, Тим Бартон остана убеден дека Китон е вистинскиот човек за оваа улога, и на крајот се покажа дека неговата улога беше најдоброто нешто во филмот. Иако комичарот, Китон внесе мрачност и интроспекција во улогата, а неговата физичка стил ни даде нова димензија на динамичните движење во костимот лилјак.

Китон доби големи признанија за неговата улога на суперхерој во продолжението „Бетмен се враќа”, но за следниот филм „Бетмен засекогаш”, кога Тим Бартон беше отфрлен, Китон си замина по него. Причина за тоа наводно беше неговото незадоволство од сценариото, одобрено од страна на новиот директор Џоел Шумахер, па дури и кога Ворнер Брос му понуди 15.000.000  евра за да се појави во филмот, тој одби. Подоцна неговиот одбивен став кон третиот филм се покажа многу точен.

По следните неколку фантастични улоги во трилери, Мајкл Китон во 2002 година беше извонреден во улогата на воен репортер во Багдад кој е напуштен од пресот во деновите на американската инвазија во војната на Персискиот залив. Погледнете го само кусото видео и едноставно ќе се вљубите.

x

Check Also

Први тротинети и велосипеди за најактивните корисници на апликацијата HalkEco  

  Апликацијата HalkEco на Халкбанк  со која се стимулира пешачењето, трчањето, возењето ...