5 производи за убавина кои ќе ви го променат животот

Претпоставуваме дека во вашата чантичка за шминка можат да се најдат секакви производи за разубавување, но овие пет производи значително ќе ви го олеснат животот, барем што се однесува до квалитетот и брзината на дотерувањето.

Пинцета за пудра

Колку пати ви се случило да ја фрлите течната пудра иако не сте ја искористиле целосно. Пудрата која останала на дното на шишенцето никако не може да ја извадите. Но со оваа пинцета, тоа ќе стане лесно.

gadj6

 

Хај-тех фен 

Фен си е фен, но овој е поинаков. Новиот модел на „blowpro“ е направен од титаниум и драстично го намалува времето на сушење на косата. Содржи 6 лед светла кои се гаранција и за здрава коса и скалп.

gadj4

Автоматска четка за кадрици

Со помош на оваа четка на „InStyler“ брзо и лесно ќе ја направите косата кадрава. Ако сакате бранови, готови се за три секунди, а локни за 8 секунди. Дополнително, не ја оштетува косата.

gadj 3

Совршен мејкап сунѓер

Можеби изглед обично, но овој сунѓер во форма на јајце има многу функции. Со него течната пудра се нанесува на најсовршен начин, но може да го употребувате и за нанесување на крема за лице, руменило па дури и крем за заштита од сонце.

gadj2

 

Автоматски чистач на четкички 

Овој „BrushPearl“ валканите четкички за нанесување на шминка за само неколку секунди ги чисти како нови. Ставете ја четката после употреба во волшебната машина и гледајте како се случува магијата.

gadj1

x

Check Also

Причини поради кои брзо ви се создаваат брчки на лицето

Создавањето на брчки многу зависи од типот на кожата, но и од ...