5 производи за убавина што штетат на вашето здравје

Козметичката индустрија секојдневно ни нуди различни производи за разубавување, но треба многу да внимаваме што купуваме односно што ставаме на кожата.

Пред да купите нов производ за разубавување, прочитајте добро што пишува на декларацијата. Се разбира, не сите производи се штетни по здравјето, но оние кои во поголеми проценти содржат конкретни хемиски состојки, и тоа како може да ни наштетат.

Производи кои содржат изопропил алкохол

slika 1

Ок, не мислиме на ОНОЈ алкохол, но можеби ќе се изненадите кога ќе слушнете дека изопропил алкохолот е присутен во голем број на производи за убавина, од креми за лице до сенки за очи, и не е баш пријатен за вашата кожа. Највидливите штетни ефекти од него се појава на кафени дамки на кожата и предвремено стареење.

Застарена маскара и туш за очи

Верувале или не, маскарата и тушот за очи може да ги користите најмногу три месеци. Потоа слободно фрлете ги, зашто лесно ќе ви направат иритација на очите.

„Минерал“ и вазелин

Производите кои во името го содржат зборот „минерал“ претпоставуваме ви звучат многу органски, а всушност се многу штетни. Минералното масло како и вазелинот не метаболизираат и не се расчленуваат што значи си остануваат на вашата кожа и со долготрајна употреба може да бидат и канцерогени. Ќе ги најдете во 82 отсто од боите за коса, 45 проценти во производите за самопотемнување и во дури 36 отсто навлажнувачи за лице.

Креми за сончање

slika 5

Да, добро прочитавте. Сонцето може да биде помалку штетно од некои креми за сончање. Повеќе хемиски својства кои се наоѓаат во некои креми за сончање може да го нарушат нивото на хормоните, да бидат токсични за репродуктивниот систем и доколку доите или сте бремени, може да влијаат врз развојот на детето. Две европски студии покажуваат дека истите хемиските својства кои ги содржат кремите за сончање се пренесени на млекото на мајката која дои, што значи бебето пие токсично млеко.

Производи за зацврстување на косата

slika 4

Истражувањето направено во 2013 година тврди дека формалдехидот кој го содржат производите за зацрстување на коса, меѓу кои и лаковите за коса, е многу штетен доколку е застапен во поголем процент во производот. Оние производи кои содржат 0.1 отсто формалдехид се сосема во ред и не се штетни, но во некои е најдено дури 12 отсто формалдехид а во таков процент може да биде канцероген.

 

x

Check Also

Дали и после ова ќе влегуваме со чевли дома?

Ако се прашувате дали треба да ги соблечете чевлите пред врата или ...