5 работи кои мажот прво ги забележува кај жената за време на првиот секс

Заборавете на нелакираните нокти, фризурата, депилациите, солариумите…Мажите се многу поедноставни па некои работи воопшто и не ги забележуваат, покажува истражувањето спроведено од списанието Менс хелт.

Истото истражување вели дека жената за првиот состанок троши и до 6 часа на подготвување. Но, мажите забележуваат сосема други работи на неа, а на листата на нештата кои најчесто се повторувале во одговорите првото место го има самодовербата. Најдобар дел од мажите сметале дека ништо не е толку секси кај жената од тоа таа да се чувствува сигурна во својата (гола) кожа.

Второто место припаѓа на движењата. И тоа на женствените движења кои провоцираат и возбудуваат. Потоа следува изразот на лицето. Односно, страста која се гледа од лицето.

На четврто место се облините, заводливата силуета украсена со женствен стомак, задник и гради.

Миризбата е на петтото место. Секој има своја специфична миризба на кожата. Тука не станува збор за парфемот туку за природниот мирис на кожата.

x

Check Also

5+ Фамилија со специјална новогодишна програма за деца

Омилената детска ТВ серија и едукативна платформа 5+, заедно со 5+ Бенд, ...