5 работи кои (можеби) не ги знаете за Том Форд

Важи за еден од најпознатите „зависници од работа“, а самиот за себе ќе каже дека работи нон-стоп, „се додека сум буден, работам“.

1.

За да го издржи тоа „нон-стоп“ темпо на работа, во текот на денот практикува три пати получасовна релаксација во када, во купка.

2.

Просечно, секој клиент кој ќе напушти една од продавниците на Том Форд троши 1.797 долари.

3.

Во младоста сакал да биде пластичен хирург. Подоцна, бил одлучен да стане актер и се запишува на Универзитетот во Њујорк земајќи часови по глума. Иако бил суперталентиран, го менува мислењето и се префрла на отсекот за дизајн.

Форд и Бакли

Форд и Бакли

4.

На 25 – годишна возраст го запознава уредникот Ричард Бакли, кој работи за „Вог“, постар од него 13 години. Тоа била љубов на прв поглед, па почнуваат да се среќаваат секојдневно само после првата куса средба во лифтот. После 25 години заеднички живот ќе се венчаат и ќе „добијат“ син.

TF 2

5.

Иако важи за голем перфекционист, Форд редовно нагласува дека модата не се заснова на потребите туку на желбите. „Запомнете дека на нашите клиенти не им е потребна нашата облека. Не им се потребни уште еден пар чевли или нова јакна. Ние мора да ја предизвикаме таа нивна потреба преку создавањето на желба“.

 

x

Check Also

Џенифер Лопез и Бен Афлек заедно го прославија 4-ти јули

Двете sвезди заедно ја поминаа годишнината славејќи ја независноста на Америка. Прво ...