5 работи за Гуо Пеј, дизајнерката на креацијата на Ријана

Се прашувате кој стои зад жолтата креација која ја носеше Ријана на Мет-Гала?

Еве го одговорот.

gp1

1.

45- годишната модна дизајнерка од Пекинг се занимава со моден дизајн 26 години. Завршила студии по мода во Пекинг, а специјализирала во „готово за носење“ женска облека.

2.

На првиот „кутур“ фустан работела во 2005 година, по патувањето во Париз каде при посетата на Музејот на француската армија се инпирирала од златните детаљи на униформата на Наоплеон Бонапарта. За изработка на фустанот и била потребна цела година и 100 луѓе вклучени во процесот.

gp6

3.

Дизајнерката ја спордуваат со Александар Меквин и Коко Шанел.

gp3

4.

Фустанот наречен „Прекрасно злато“ што го носеше Ријана, е нејзин дизајн создаден  пред 12 години. Во времето кога го дизајнирала сеуште не го знале концептот на високата мода. За изработка и биле потребни 50.000 часа.

Гуо Пеј

Гуо Пеј

5.

Пеј планира годинава да лансира своја „готова за носење“ колекција. „Многу луѓе околу мене велат дека ги сакаат моите креации, а  јас не можам да ги снабдам со нив. Тоа ме прави тажна, зашто јас не сум дизајнерка за неколку луѓе“, објаснува Пеј.

 

x

Check Also

Погледнете го новиот дом на Хари и Меган во Ванкувер

Прекрасниот нов дом на Хари и Меган има 640 квадратни метри, добро ...