5 совети за правење здрав сендвич за оброк на плажа

Додека со часови лежите на плажа под жешкото сонце кое истоштува секогаш добро доаѓа еден здрав сендвич.

Подгответе си здрав сендвич за плажа и продолжете го денот уживајќи под сонцето.

1.Избор на леб

Избегнувајте го белиот леб, тој е можби вкусен, но е прв пријател на наталожувањето на килограми. Направете го вашиот сендвич со две кришки интегрален леб кој содржи овес или ‘ржано брашно.

2. Протеини

Заборавете на шунката и воопшто саламите, тие се полни  со шеќер и конзерванси. Меѓу двете кришки интегрален леб прво ставете туна или парче пилешко печено (или варено) месо, па додадете и 1 варено јајце исечкано на кругови (доколку сендвичот го правите со туна, подобро е јајцето да го изгмечите и помешате со туната).

Врз јајцето ставете тенко сечено парченце моцарела.

Зеленчук

Додадете во сендвичот малку сечкана рукола или босилек. Може и лист зелена салата.

Зачини

Сега додадете зачин. Тоа може да бидат неколку капки лимонов сок или оригано, може дури и малку црн пипер или чили пиперче. Ваквиот ситен детаљ ќе направи посебна приказна од вашиот сендвич.

Сос

Наместо нездрав мајонез или кечап додадете малку кисела павлака или сос кој ќе го приготвите сами со малку јогурт и пасиран домат.

x

Check Also

5 кратки совети од Ивица Јанев за поефективно вежбање

Кога за првпат почнувате со вежбање, мора да знаете дека точната форма ...