5 совети за убавина од Миранда Кер

Кога станува збор за Миранда Кер, веднаш не асоцира на природен тен и здрава коса. Оваа 31-годишна убавица,  како амбасадор на „Клиар скалп & Хеар терапи“ ги споделува своите совети за негувано лице и коса, а овие се основните пет.

m 2

Одморете ја косата

Ако денот го минувате дома или одите на кафе со блиска пријателка, одморете ја косата од сите производи. „Во зависност од моите дневни активности и работниот план, мојата коса може да биде средена или целосно природна веќе следниот ден“, објаснува Кер.

Балансирана здрава исхрана

Познато е дека Миранда е од оние супермодели кои се хранат здраво, а тоа се гледа и на нејзината чиста кожа и сјајна коса. „Клучот за убава коса е во билансираната исхрана и во внесот на доволно количина вода во текот на денот“, вели Кер.

m1

Коњско опавче

Понекогаш вашата коса може да изгледа оштетено или како да е без живот, иако не е таква, во зависност од фризурата која сте ја одбрале. Особено косата изгледа „кршлива“ непосредно пред менструалниот циклус. „Кога косата не е сјајна како вообичаено, ја врзувам во елегантно коњско опавче. Тоа е класичен изглед кој одговара со се“, вели Миранда.

Не претерувајте со шминката

Миранда смета дека најголема грешка на девојките е кога ќе претераат со шминката. „Мислам дека шминката е за да ги нагласи вашите убави црти, а не да ги сокрие“.

Не штедете на шампон и регенератор

Козметичките производи понекогаш може повеќе да наштетат отколку да придонесат за убавината. Миранда тоа добро го знае, имајќи го искуството на модел чија коса постојано трпи трансформации и третмани. „Најдете го вашиот шампон и регенератор кои навистина ја навлажнуваат косата од коренот до врвовите. Лошиот регенератор може да делува да не можете да направите локни или пак вашата коса да изгледа без волумен“.

 

x

Check Also

Фризерите би сакале и вие да го знаете ова за вашата коса и фризурите

Понекогаш жените имаат погрешна перцепција за работата на нивниот фризер. Иако цените ...