5 специфични вкусови на сладолед што не се за секого

Секоја година на пазарот се лансираат најразлични нови вкусови на сладолед, но некои од нив се толку необични што многумина се двоумат и дали да ги лизнат. Но иако не се за секого, овие специфични сладоледи имаат и свои специфични обожаватели а меѓу нив се и бројни ѕвезди од А листата.

 

Сладолед од Вијагра

Сладолед од Вијагра

 

Сладолед од Вијагра

Чарли Хари Франсис во своите продавници во Велс го продава сладоледот кој сам го измислил – сладолед направен од Вијагра и шампањ. Сладоледот има сина боја и во секоја топка има 25 милиграми Вијагра. Меѓу бројните љубители на овој сладолед има и глумци од А листата.

Сладолед од полжави

Хестон Блументал е предводник на новиот тренд на молекуларна гастрономија која експериментира со различни креативни јадења и вкусови. Еден од неговите најбарани специјалитети е солениот сладолед од полжави. Сладоледот се продава во неговиот наградуван ресторан во Велика Британија „Фет Дак“.

Сладолед од полжави

Сладолед од полжави

 

Сладолед од маслиново масло

Американската фирма Свит Екшн Ајскрим од Денвер е позната по производство на вегански производи, а еден од најбараните производи летово е слодоледот направен од маслиново масло.

Сладолед од виски

Сладолед од виски

 

Сладолед од виски

Производителот на сладоледи Симос Делишес нуди сладоледи со најразлични вкусови, а најнеобичен меѓу нив е сладоледот кој содржи алкохол. Популарен е сладоледот од виски и оној направен од рум.

Сладолед од пржена риба и компириња

Познатиот лондонски Џорџс Портобело Фиш Бар, прочуен по одличната риба сервирана со вкусен чипс, лансираше и сладолед со ист вкус кој при подготовката се пржи во масло, а најпосле се добива риба и чипс во замрзната форма.

 

x

Check Also

Повеќе харизма во личниот стил, со помош на додатоци

За многумина, зборот „стил“ претставува термин резервиран за изглед како од списанија ...