5 трикчиња за лесно пакување

Пакувањето на торбата или куферот претставува за многумина проблем, како да се сместат што повеќе работи во мал простор?

Но постојат трикчиња за совршено организирање на просторот во торбата и доколку ги употребите ќе се уверите дека не мора да влечете со себе дополнителни ранци. Се разбира, неопходно е и да размислите што навистина ви треба, а што носите „за секој случај“. Отфрлете ги сите работи кои се „за секој случај“ без размислување, и почнете практично да се пакувате.

За почеток, пред да ставите било кое парче облека во куферот, претходно завиткајте го. Така ќе ви се ослабоди многу повеќе место.

p2

Второ, потсетете се дека всушност најубавото нешто на летувањето е тоа што не мора постојано да бидете дотерани. Напротив. Лежерната гардероба има предност и тоа само неколку парчиња од неа кои навистина би ги носеле. Најмалку место во куферот зафаќаат лесните фустанчиња, шорцеви, маички…Доволни се за различни комбинации.

p3

Не одите на прием туку на одмор, а најдобар дел од времето ќе го минете на плажа. Затоа, лимитирајте ја козметиката. Одбере производи кои се повеќенаменски.

p4

Чевлите се секогаш најтешки за пакување бидејќи заземаат многу место. Невозможно е да се земе по еден чифт за секоја прилика, а и навистина тоа е непотребно. Еден пар чевли или патики на нозете со кои ќе патувате и едни сандали во куферот, така ќе ви остане многу повеќе простор за многу попотребните нешта.

p6

Ако се сомневате дека времето може да се влоши, нема потреба да ставате дебели џемпери кои зафаќаат многу простор. Сепак лето е, па доволно е да понесете еден памучен фустан. Џинс-јакната е многу практична и се вклопува во секоја прилика, а и не мора да ја пакувате. Понесете ја в рака.

p7

x

Check Also

Повеќе харизма во личниот стил, со помош на додатоци

За многумина, зборот „стил“ претставува термин резервиран за изглед како од списанија ...