5 занимливости за кафето кои (можеби) не ги знаете

Голем дел од нас денот го започнуваме со кафе. Турско, нес, еспресо, без кофеин..со цигара или без неа…За добрите и лошите ефекти на кафето сме слушале прилично многу, но сепак не сме доволно сигурно дали кафето е здраво или не е. И додека го пиете вашето прво, второ ии трето утринско кафе, еве неколку факти за кафето за кои веројатно не сте знаеле.

kafe 1

Факт број 1

Умереното конзумирање на кафе (филџан до три на ден) има многу позитивни ефекти. Познато е како еден од најдобрите антиоксиданси, но и како одличен поттикнувач на менталните активности. Треба да се напомене дека ова дејство кафето го има само додека е врело, па така оние кои го пијат ладно кафето во својот организам ги внесуваат само неговите штетни состојки.

Факт број 2

Меѓу љубителите на кафе има помалку астматичари и заболени од респираторни заболувања, а кај некои кафето делува и како одличен диуретик и помага во редовното празнење на цревата.

kafe 5

Факт број 3

Од кафе може да се умре, но само ако испиете во текот на денот 200 филџани од него колку што изнесува смртната доза на кофеин за човечкиот организам. Бидејќи кофеинот релативно кратко се задржува во организмот се смета дека 9 филџани кафе е горната граница која може да се испие секојдневно.

Факт број 4

Кофеинот го забрзува метаболизмот, го отстранува паѓањето на концентрација, а на кратки патеки – дури и депресијата. Што се однесува до неговото влијание на срцето, истражувањата покажаа дека претераното конзумирање на кафе може да предизвика благи аритмии и забрзана работа на срцето, но ништо долготрајно и опасно.

Факт број 5

Иако цел живот слушаме дека кафе не треба да се пие на празен желудник, истражувањата покажаа токму спротивно. Кафето треба да се пие на „гладно“, односно барем час пред јадење, за да не ја спречи ресорпцијата на витамините и минералите од храната, но истотака не треба да се пие ни после 5-6 часот попладне за да не дојде до надрзанување на нервниот систем.

x

Check Also

MURMAN TSULADZE на ЗДРАВО МЛАДИ 11

MURMAN TSULADZE ги обединува француската електроника, африканските ритми и нивните грузиски корени. ...