Беатрикс Ост

5 жени кои се доказ дека стареењето не треба да биде толку тешко

Овие пет убави динамична жени нè убедуваат  дека годините се само бројки, а убавината не старее.

Линда Родин

Линда Родин

„Мислам дека се чувствуваме повеќе слободни и независни кога ќе остареме. Повеќе сме искрени и отворени со себе и со другите“, вели 66-годишната Линда Родин, стилистка и основач на линијата за нега „Олио лусо“.

Кога беше прашана за нејзиниот став за пластични интервенции на лице, таа одговори „Зарем не сте љубопитни како староста ќе изгледа на вашето лице?“.

Ајрис Апфел

Ајрис Апфел

93-годишната бабичка со многу стил, Ајрис Апфел, не подучува дека „кога не се облекуваме како сите други, не треба ни да размислуваме како сите други“.

Тајната на нејзината убавина е во тоа што не се обидува очајно да изгледа помлада.

„Зошто некој да се срами од своите години?“, прашува таа, и одговара „ Прекрасно е што сте ја дочекале староста. Тоа е благослов“.

Беатрикс Ост

Беатрикс Ост

Писателката, дизајнерка, мултиталентирана уметница, Беатрикс Ост, 75, смета дека нашето тело е најубавото место во кое треба да бидеме.

И повеќе од очигледно е дека таа навистина ужива во своето тело.

Џојс Карпати

Џојс Карпати

83-годишната Џојс Карпати, поранешна оперска пејачка, сеуште го привлекува вниманието кога и да се појави на њујоршките улици. Нејзината убавина се должи на оваа реченица „Никогаш не сакав да изгледам помлада. Сакав да изгледам супер“. Во едно неодамнешно интервју пак вели „Работев напорно за да имам 82 години“.

Беатрис Вуд

Беатрис Вуд

Американската уметница Беатрис Вуд почина на 105-годишна возраст. Кога беше запрашана на што се должи нејзината убавина и долговечност, таа одговори „Тоа го должам на уметничките книги, чоколадите и младите мажи“.

 

x

Check Also

Погледнете го новиот дом на Хари и Меган во Ванкувер

Прекрасниот нов дом на Хари и Меган има 640 квадратни метри, добро ...