5 златни правила за рамен стомак

Ни најдобрите диети често не помагаат кога станува збор за „гумите за спасување“ кои се добро сместени околу струкот и стомакот. За да ги симнете овие масни наслаги потребна е целна диета, односно цврсто придржување до неколку правила.

Масните наслаги наталожени околу стомакот обично се знак дека имате проблем со инсулинот кој го регулира нивото на шеќер во крвта.  Ако тој не е избалансиран, доаѓа до таложење на масни наслаги токму на пределот околу струкот. И тука и најдобрите диети не можат да помогнат. Затоа држете се цврсто до следниве правила.

Правило 1. Внесот на шеќер и јагленохидрати намалете го на минимум

Ако внесувате повеќе шеќер, тоа го тера вашето тело да произведува инсулин. Но после некое време, ако внесот на шеќерот не се намали, клетките престануваат да реагираат правилно, а вишокот на гликоза се таложи во крвотокот и така доаѓа до создавање на непосакуваните наслаги на масти. Би било идеално ако успеете да заборавите во следните три месеци на се што содржи шеќер и изобилува со јагленохидрати, денот да го започнете со чаша јогурт, варено јајце, грејпрфут и шака незасладени житарки, ручекот да биде избалансиран и базиран на риба (туна, лосос) или печено пилешко месо и голема чинија на мешан сезонски зеленчук, а вечерата да ја сведете на овошје од типот на киви, цитрон, цеден сок од лимон и повторно многу зеленчук (брокула, карфиол, спанаќ). Ако почувствувате глад меѓу оброците, грицнете неколку бадеми или испијте сок од цеден лимон (засладен со мала лажичка мед), чаша јогурт или зелена салата со туна и маслиново масло (превкусна е!). Дозволени се дури и три-четири коцки темна чоколада (која содржи над 75 отсто какао), доколку тоа не премине во секојдевна навика.

Топ 10 намирници – елиминатори на мастите околу стомакот

Правило 2. Медитеранска исхрана

За да го намалите производството на инсулин и со тоа да ги симнете „појасите за спасување“ мора да внимавате многу на внесот на шеќер и јагленохидрати. Тоа значи во текот на целната диета, сосема заборавете на лебот и тестенините, колачињата и слатките, компирот, чипсот и оризот. На нивно место, внесете во дневното мени голема доза на свеж сезонски зеленчук, балансирана доза на одредено овошје (кое не содржи многу шеќер, од типот на јаболка, сливи, лимон, цитрон, дуњи, киви, грејпфрут…, а одбегнувајте – банани, лубеница…), и балансирана доза на пилешко и телешко месо и риба (заборавете на свинското месо, јагнешкото, колбасиците, сите видови на салами и виршли кои во себе содржат скриен шеќер). Сојата може да биде одлична замена за месо. Не заборавајте, јајцата, туната, лукот, спанаќот, кивито, брокулата и целерот се најдобри согорувачи на масти околу струкот. Направете го сами своето дневно мени и придржувајте се до него. Одличен предизвик е и совршен стимуланс да продолжите понатаму со лично вашата, дизајнирана од вас, целна диета!

Правило 3. Избегнувајте го алкохолот и внимавајте што пиете!

И не само алкохолот, туку и сите намирници кои брзо согоруваат (белиот леб, кексите, засладени пијалаци) зашто тие се најдобри сојузници на мастите околу стомакот. Кафето (македонско) е секогаш добродојдено и е една од намирниците која го забрзува метаболизмот, но не претерувајте со него (две до три филџани дневно се повеќе од доволни). Заборавете на – капучино и матено нескафе. Не помислувајте на салеп (кој изобилува со шеќер) ниту на било каков овошен сок (доколку не е свежо цеден дома),а газираните пијалаци за само една минута можат да ви го урнат целиот досегашен напор и план. Чаша пиво може да придонесе да се чувствувате подуено, вотката содржи помалку калории од вискито, но сепак заборавете на се што содржи алкохол, особено на коктелите. Во друштво, дозволена е чаша бело вино. И баш ќе ја почувствувате!

Правило 4. Држете се до храната богата со антиоксиданси

Не заборавајте секој оброк да го збогатите со намирници богати со антиоксиданси, а такви се чилито, циметот, брокулата, брусницата, боровницата, зелениот чај. Тие го забрзуваат метаболизмот.

Топ 12 намирници кои го забрзуваат метаболизмот

Правило број 5. Внесете засилена доза на хром, магнезијум, Омега 3 и цинк

Витамините се многу важни. За да го забрзате целиот процес на симнување на „појасот за спасување“ но и за да се чувствувате свежи во текот на целата оваа целна диета, која би требала да трае најмалку три, а најмногу шест месеци, додадете мултивитамини и рибино масло, таблетки хром кои се одлични за контрола на шеќерот во крвта, магнезијум и цинк.

И ако се ова ви изгледа дека треба да го практикувате предолго (дури три месеци), секогаш потсетете се колку време ви било потребно за да ги наталожите сите тие масти околу вашиот стомак. Три години, најмалку? Или шест.

x

Check Also

Скопје покажа дека е град за велосипеди – Околу 2.000 пријавени на Скопје на точак!

Околу 2.000 луѓе беа пријавени на Скопје на точак. Тие ги возеа ...