50 нијанси на сиво: Дакота Џонсон на насловната на американскиот Вог

Многу глумици живеат во надеж дека ќе бидат избрани од пребирливата Ана Винтур за насловната страница на американскиот Вог. Дакота Џонсон ја доби таа привилегија.

dj4

Ѕвездата на филмот „50 нијанси на сиво“ застана пред објективот на Марио Тестино за да ја украси насловната страница на февруарскиот Вог.

dj2

Ќерката на Мелани Грифит и Дон Џонсон, во интервјуто кое ќе биде објавено во Вог, рече дека ќе треба да му каже збогум на приватниот живот веднаш штом филмот се појави во кино-салите.

dj3

„Ова малку ме плаши, бидејќи потајно би сакала да живеам на ранч во Колорадо опкружена со деца, кокошки и коњи“, вели Дакота, но признава и дека е среќна што во филмот ја добила главната улога.

„Сакав да бидам вклучена во проектот бидејќи тој е нешто поразлично и има многу интензивна љубовна приказна.”

x

Check Also

Седа коса: тренд што обедини многу sвезди во движењето „без боја“ – од Енди Мекдауел до Џејн Фонда, Џоди Фостер, Џејми Ли Кертис до…

Кој рече дека седата коса им одговара само на мажите? Од Енди ...