54-годишната Полина Поризкова блеска на страниците на SPORTS ILLUSTRATED

Престижното списание SPORTS ILLUSTRATED вклучи повеќе модели од постарата генерија за специјалното издание посветено на костимите за капење.

И додека суперзгоната Тајра Бенкс (45) ја краси насловната страница, во внатрешните страници со голема фотосесија се појавува топ моделот од постарата генерација Полина Поризкова која изгледа неверојатно со своите 54 години.

Родена во Чехословачка во 1965 година, Полина денес е државјанин на САД и на Шведска, а зад себе има успешна кариера на модел, глумица и авторка.

Првпат на насловната на SPORTS ILLUSTRATED, Поризкова се појави во 1984 година, на возраст од 18 години. Таа всушност беше првата жена од Централна Европа која ја красеше насловната на ова престижно списание. Денес, еве ја повторно, со прекрасно тело на кое може да и позавидат и денешните млади модели.

x

Check Also

Лејди Гага: На нашата љубов со Бредли работевме напорно, со денови

Лејди Гага е уморна од објаснувањата дека меѓу неа и Бредли Купер ...