Свечена церемонија на дипломирање на Шефилд во Концертната сала во Солун

Универзитетот Шефилд и неговиот Меѓународен факултет, СИТИ Колеџ, беа домаќини на свечената Церемонија во Концертната сала во Солун.
so Ceremonija_1

Наградите беа претставени од Заменик Канцеларот на Универзитетот Шефилд, Професор Сер Кит Бурнет, кој беше придружуван од професорите и академските колеги од британскиот универзитет. На церемонијата, повеќе од 200 дипломци, постдипломци и докторанти, кои ги завршија своите студии на Меѓународниот Факултет на Универзитетот Шефилд, СИТИ Колеџ, беа претставени на Заменик Канцеларот на Универзитетот и ја добија својата диплома.

Дипломирањето ја следеше истата академска процедура како церемониите на Универзитетот Шефилд во Обединетото Кралство.

so Ceremonija_4

За време на церемонијата, шест истакнати алумни беа наградени со „Награда за истакнати алумни”, како признание за нивните видни професионални достигнувања: Панче Кралев, Претседател на Одборот на директори на Македонски Телеком (Дојче Телеком Групација) од Скопје, Мирела Аркимандрити, Извршен директор, Центар на родова алијанса за развој, Албанија, Сања МилаковиќКолунџија, Директор, Адвертајзинг агенција ExecutiveGroup, Србија, Катерина Сиампани, Гешталт психотерапевт и тренер, Грција, Висар Келеменди, Главен извршен директор, Ругове L.L.C., Косово, Грациела Константин, Претседател на Комитетот за даноци во Ромската банкарска асоцијација и директор на CEC Банка, Романија.

so Ceremonija_2
Освен дипломците и нивните пријатели, на церемонијата присуствуваа и претставници на властите и на организации од Грција и соседните земји, како и истакнати личности од академската фела, бизнисот и политиката, кои ги почестија присутните со своето присуство.

Меѓународниот факултет на Универзитетот Шефилд, СИТИ Колеџ повеќе од две децении ги пренесува програмите на Универзитетот Шефилд во Солун, Грција и во Југоисточна Европа (Бугарија, Романија, Србија, Македонија и Украина), давајќи им можност на студентите и професионалците да студираат за диплома од Универзитетот Шефилд во нивната земја. Денес, Извршните МБА програми се одвиваат во Солун, Софија, Букурешт и Белград, со серија на магистерски програми кои се нудат во Софија и Букурешт и серија на додипломски студии и програми достапни во Софија и Скопје. Дипломците добиваат диплома од Универзитетот Шефилд, диплома од универзитет кој е рангиран меѓу 1% од најдобрите универзитети во светот (69ти во светот и 24ти во Европа според QS World UniversityRankings за 2014-15 година).

x

Check Also

Новата колекција на Nasty Gal и Емили Ратајковски е секси и фенси

Моделот и глумица Емили Ратајковски, покрај убавото тело, е позната и по ...