На Ноќта на Оскарите видовме прекрасни креации и блескав накит, но најзборуван моден додаток беа очилата на Кејт Винслет кои ги носеше на сцената.
Оскаровката носеше трендовски очила за вид со нагласени црни рамки додека ги најавуваше номинираните за најдобра фотографија заедно со Рис Витерспун. Иако очилата (од марката Arquette) таа не ги носеше на црвениот тепих, на сцената тие внесоа неочекуван посебен „допир“ на целосниот моден изглед.