5те предности на шампањот пред другите алкохолни пијалаци

Јасно е дека за време на празничните денови, особено за новогодишната ноќ, луѓето пијат алкохол значително повеќе од вообичаено, па за да ги избегнеме мамурлоците на следните денови, подобро е да се конзумира квалитетен алкохолен пијалак и секако да не се мешаат пијалаците. Ние се одлучивме за шампањ, зашто овој пијалок ги има сите предности над другите.

Малку калории

Додека белото и црвеното вино во една чаша имаат од 90 па до 120 калории, чаша шампањ содржи само 65 калории.

Добар е за кожата

Шампањот ја детоксицира кожата, а неговата винска киселина може дури и да ја направи кожата посјајна. За оние кои имаат мрсна кожа делува како антибактериско средство.

За добра меморија

Истражувањата покажуваат дека до три чаши шампањ неделно помагаат за здравјето на мозокот. Дури и некои препорачуваат чаша шампањ дневно во борбата против деменцијата.

Добар е за срцето

Исто како и црвеното вино, добар е за срцето. Две чаши шампањ дневно можат да бидат корисни за здравјето на срцето и подобрената циркулација, а можат и да го намалат ризикот од мозочен удар.

Помага да пиете помалку

Шампањот и пенливите пијалаци воопшто се пијат побавно, а побргу не развеселуваат. Побрзо не прават сити, па постојат и многу диети кои се базираат на шампањ. После се ова што го спомнавме, ни преостанува само да ја отвориме тапата и да наздравиме без грижа на совест.

x

Check Also

Најголемиот танцов камп и фестивал на Балканот „Битрикс Танцова Лига 5” започнува утре

Најголемиот танцов камп и фестивал на Балканот, ова година по петти пат ...