6 хороскопски парови со многу критична врска до крајот на 2018 година

Кои хороскопски парови се на најголем ризик да ја прекинат врската до крајот на 2018 година? Прочитајте ги предвидувањата од ѕвездите.

Јарец и Вага

Јарецот е прилично амбициозен знак, многу фокусиран на работата и кариерата, а до крајот на оваа година го чекаат одлични изненадувања од професионална гледна точка. Ако е во врска со личност родена во знакот на Вага, секако дека Вагата ќе се чувствува многу осамено и ќе биде лишена од вниманието што го сака од нејзиниот партнер. Јарецот пак, ќе внесе безброј промени во животот на Вагата со кои таа ќе мора да се соочува. Доколку Вагата не најде сила да го поддржи партнерот Јарец во критичниот период за неа, до крајот на 2018., лесно може да се случи Јарецот да ја напушти Вагата. Но, не е исклучено дека и Вагата, уморна и разочарана од врската, да влета во авантура, која Јарецот никогаш нема да и ја прости.

Овен и Девица

Многу критична и кревка е врската на Овен и Девица до крајот на 2018 година. Годината им почнала во знакот на кавгите, а од втората половина, дискусиите се „на нож“.  Меѓу нив е и голема доза на напнатост, која, во добрите денови, ќе се ослободи преку сексуалната енергија , додека – во лоши времиња – може да доведе до многу насилни расправии и дискусии. Девицата брзо може да се умори од импулсивноста на Овенот. Овенот пак, од своја страна, може да му стане неподнослив перфекционизмот на Девицата … Овие парови до крајот на 2018 треба да бидат премногу внимателни, освен ако не се сигурни дека врската не ја бива!

Шкорпија и Водолија

Последните месеци од 2018, може да стават крај на врската меѓу Шкорпијата и Водолијата. Шкорпијата оваа година е особено силна, а тоа се должи на поддршката од Јупитер, додека вториот дел од годинава за Водолијата носи бројни тешкотии, па со тоа е и таа слаба. Ако Водолијата е во неволја, Шкорпијата ќе почне да се „сопнува“ од проблемите на Водолијата и лесно може да крене раце од неа и да си продолжи сама. Од друга страна пак, љубоморната Шкорпија може да почне да се сомнева во Водолијата и да почне да и „дише во вратот“, што за Водолијата која сака слобода и независност ќе претставува тешко оптоварување. Во секој случај, овој пар има многу климава релација до крајот на годината, па која врска преживее – ќе има за што да раскажува!

Лав и Рак

Лавот, на моменти, е премногу фокусиран на себе, додека на Ракот му треба постојано внимание. Ова ќе биде главната причина што до крајот на 2018 година може да дојде до распаѓање на многу парови Рак-Лав, ако не се внимателни да ги почитуваат и да ги задоволуваат потребите на партнерот. Лавот ќе има некои работни и финансиски тешкотии , а тоа ќе го натера да биде уште повеќе посветен кон сопствените интереси и грижи од оние на неговиот партнер, кој ќе се почувствува отфрлен и не е доволно важен за него. Ризикот од раскинување на врската е зад секој агол.

Бик и Близнаци

Оваа година за Бикот ќе биде особено тешка, а Бикот, веќе знаеме, кога се соочува со проблеми создава нервози во домот и кај блиските. На  Близнаците ќе им биде многу тешко да држат чекор со него, со желба да се забавуваат и да пробаат нови нешта. Па така, бегајќи од проблемите на Бикот, кој ќе им претставуваат оптоварување, Близнаците ќе почнат да гледаат наоколу…И, воопшто нема да им падне тешко со првата нова шанса да ја прекинат старата врска. Само доколку станува збор за вистинска и длабока љубов, оваа врска до крајот на годината може да преживее.

Риби и Стрелец

Рибите и Стрелецот имаат најголема шанса да ја прекинат врската до крајот на оваа година. Стрелецот ќе чувствува силна желба за слобода и жед за авантура, а тоа ќе заврши со заплашување на кутрите Риби, дефинитивно многу повеќе посесивни и мелодраматични во сентименталните работи. Ако Рибите поради страв од загуба премногу почнат да покажуваат посесивност, сигурно е дека Стрелецот ќе стави точка на оваа приказна. Од друга страна пак, ако Стрелец премногу почне да „шета“ наоколу, Рибите ќе избегаат во побезбедни мориња.

 

 

x

Check Also

Трикчиња кои секогаш успеваат: Како да ги растегнете тесните чевли

Сигурно ви се случило, сте купиле чевли и потоа заклучувате дека всушност ...