6 луѓе на кои треба да им простите пред Нова година

Се ближи крајот на 2018 година и време е да размислиме за луѓето на кои треба да им простиме пред да влеземе во новата година.

На родителите

Секако дека не биле совршени во изминатата година, но кој е совршен? Веројатно ве критикувале за некои постапки или одлуки, можеби тоа предизвикало конфликтни ситуации, но сепак тие ни се родители, тие не сакаат и се грижат за нас, тие само сакаат да бидеме среќни.

На непријателите

Да се прости на непријателите е веројатно е најтешка работа. Се сеќавате на познатата реченица „сакај ги непријателите?“. Не е лесно да се сакаат непријателите, но има убава мудрост во оваа реченица. Да живеете со гнев е сигурен начин да си го уништувате животот. Најпосле, не можете да ги избегнете непријателите, затоа што секој од нас ги има. Без разлика што ви направиле во годинава која изминува, обидете се да им простите, зошто поради нив сте денес посилна и поуспешна личност. Всушност, од вашите непријатели сега сте научиле важни лекции. Слушнете ги нивните мислења, и не земајте ги при срце нивните зборови.

На самите себе

Обично им простуваме на другите, а забораваме на себе. Ако оваа година била полна со грешки, простете си себеси за грешките кои сте ги правеле. Новата година е одлична можност да започнете нова страница во вашиот живот. Откако ќе си простите, со тоа ќе избегнете да ги правите истите грешки и догодина.

На поранешниот партнер

Без разлика дали ви е срцето сеуште „скршено“, а врската сосема упропастена, не го обвинувајте поранешниот партнер за овој неуспех. Ако во себе му простите на поранешниот партнер побрзо ќе го заборавите, а во новата година ќе влезете со отворено срце за нов љубовен предизвик. Многумина не можат да најдат нова љубов зашто грчевито и гневно ја обвинуваат старата и така сеуште се „заглавени“ само со неа.

На соседите

Јасно ни е, многу пати во текот на годината сте се изнервирале поради нив. И сега едвај и да се поздравувате во влезот. Ние не ги одбираме нашите соседи, па некои од нив се веројатно и негативно расположени кон нас. Но, ред е барем да се почитуваме и поднесуваме. Изненадете го соседот со убава реченица или комплимент , и волшебно работите ќе се сменат.

На шефот

Да, речиси сите претпоставени имаат чуден карактер, особено кога ние сме во прашање. Но замислете само да ги замените местата, па вие да го „фатите“ на дело како, наместо да работи, си постира сликички на Интернет. Како вие би реагирале? Сигурно не би му рекле „ок е, јас ќе ја завршам твојата работа, ти работи на селфи-то“. Ако вашиот шеф бил престрог кон вас годинава можеби не е поради тоа што не му се допаѓате. Најпосле, кога им простувате на луѓето кои ве повредиле, се чувствувате слободни, одите понатаму и напред, и постигнувате поголеми цели во животот.

x

Check Also

Инстант лозот ПАРКиРАЈ ХИБРИД додели уште една Toyota Auris Hibrid

Скопје 07.12.2018 година, Државна лотарија на Македонија денес додели уште еден автомобил ...