6 модни комбинации од &Other Stories за првите есенски денови

Модната марка &Other Stories ни дава модерни предлози како да се дотераме за дневно излегување и работна атмосфера во првите есенски денови.

Новиот моден водич е насловен ‘Passing Through’, и ни покажува дека може да бидеме елегантни без разлика каков транспорт користиме до работното место.

И оваа сезона, интересни остануваат карираните палта, кои сега ги носиме со впечатлив ремен. Здолништата пак, се долги и со набори, а одлично се комбинираат со нежни џемпери во неутрални нијанси. Фустаните се со цветен принт и ги носиме со ролка или памучно боди. Од модните додатоци, не забораваме на трендовските округли чантички.

Погледнете ги овие 6 комбинации од &Other Stories.

x

Check Also

Голема распродажба со попусти до 80 отсто во Веро центар

Голема распродажба со попусти до 80 отсто на различни категории производи ги ...