6–ти Саем за венчавки од 11 до 13 март во хотел Александар Палас

 

Шесттиот Wedding Weekend или Саем за венчавки и оваа година традиционално ќе се одржи во хотел Александар Палас од 11 до 13 март. За отворањето организаторот подготви специјална програма модна ревија на венчаници и машки костуми и специјален перформанс и ревија на накит и свечен коктел. Ревијата ќе се одржи во саемските сали (1700 м2 сите три хали) на хотелот, каде излагачите ќе претстават модели од своите нови колекции.

Минатата година за прв пат креациите ги носеа познати личнсти, а оваа година полека но сигурно тоа ни станува традиција. Дамите кои оваа година ќе го отворат саемот се Маја Поцевска, Викторија Лоба, Рената Кралевска, Елена Ристевска, Светлана Црнокрак, Јана Бурчевска, Марјана Станојковска, Јована Стаменковиќ, Дани и др. Машки костуми ќе носат Мики Црнокрак , Дарко(победникот од големиот брат) и др. Саемот и оваа година ќе се обиде да им помогне во решавањето на дилемите на идните брачни парови, па освен венчаници и костуми ќе имаат можност да ги видат последните трендови за декорациите на свадба, фотографските услуги, специјалното осветлување, покани за свадба, шминка и фризура, накит, подароци за свадба, ресторани и др.

Влезницата за саемот е 60 денари, а се купува на самото место и е воедно  ваучер кој ќе им овозможи попуст во текот на целата година кај нашите излагачи.

Саемот е отворен за посетителите во сабота и недела 12-13 март од 09 до 21 часот.

 

Овогодинешни излагачи на саемот за венчавки се: Mcouture by Mila Kadriu, , модната куќа Елена Лука, Атеље Нена Конели, Атеље Форевер, Атеље за венчаници Пепика, Матра бридал, Атеље Лебед, машка мода Сињори, Italian style by Tives, Елизабет Дизајн, Дива Атеље, Драма Бридал , Casamento, Fancy Marriage, цветен дизајн Еделвајс, цветни декорации Грација, Дуни, Комако, Импакт Груп, фото студио Јасмина, продукција за свадбена кинематографија Flycam, фото Ивама, Струга,свадбена кинематографија Мјелма, Кокан Палашев, Фотобут, македонскиот бренд Покани за Свадба свадбено осветлување Клс, свадбено осветлување Инфомедиа, покани за свадба Bella Vita, Танчевски Комерц, , ресторан Маркиз де лукс, , ресторан Роџер Пиано, Александар Палас, , ексклузивен накит од Сигма, Нина Бокс, Ава атеље, Јехона Евентс, кетеринг Гала Кујна, винарија Филовски и др. На самиот евент ќе има десетина модни ревии.Организатор на единствениот свадбен викенд во Македонија е интернет магазинот Во Бело www.vobelo.com. За подетални информации contact@vobelo.com.

 

x

Check Also

Фолтин на минусни температури ја собра Битола на Зимска приказна

Синоќа во Битола со големиот концерт на Фолтин започна “Зимска приказна” проект ...