6 заблуди за целулитот и како навистина да се „стопи“

Стигна крема која го топи целулитот со неколку мачкања! Пристигнаа гаќички кои го топат целулитот! Вакви или слични реченици слушаме од сите страни, и би било супер ако не беа лага.

cel 2

Целулитот не избира ниту возраст ниту килажа. Често гледаме слаби девојки кои имаат целулит, некои и повеќе од што имаат други полнички жени.

Еве ги најчестите 6 заблуди за целулитот:

Целулитот се наоѓа само на колковите, задникот и стомакот. Заблуда.Целулитот може да се појави и на колениците, на рацете и на грбот.

Целулитот е само маст. Не е баш. Освен масни наслаги целулитот содржи вода, дегенерирано сврзно ткиво и наталожени штетни материи.

Диетите можат да го решат целулитот. Заблуда. Не постои таква диета која ќе го отстрани целулитот зашто со гладување се постигнува спротивниот ефект. Се лачи хормон кој го блокира разградувањето на мастите на проблематичните места. Како одговор на организмот на гладувањето уште повеќе се впиваат мастите на проблематичните места.

Здравата исхрана спречува појава на целулит. Дури ни ова не е вистина. Додуша, здравата храна никогаш не може да биде погрешна идеја, но одредени намирници нема да бидат доволни во спречување на појава на целулитот.

За се се криви гените. Дека гените се едни од причините за целулит, вистина е, но ако не се движите а потоа за тоа ги обвинувате гените, ова е малку смешно. Тоа е исто како да ги обвинувате тешките коски поради тоа што не можете да ги закопчате фармерките.

Липосукцијата е трајно решение против целулитот. Решение е, точно, ама не трајно. Целулитот повторно се враќа ако се вратите на старите навики.

Како навистина да се стопи?

Еве 6 точни одговори:

cel 3

Многу одење, движење, аеробни активности или совршено би било пливање и што повеќе да се избегнува седењето.

Да се исфрли алкохолот и кафето кои ја врзуваат водата во целулитното ткиво.

Да се намали внесот на храна богата со заситени масти и протеини од животинско потекло. Подобро одберете риба отколку месо. Да се зголеми пак дневниот внес на овошје и зеленчук, а едноставните јагленохидрати да се заменат со сложени.

Да се избегнува пресолена и зачинета храна. Солта е една од причините за настанување на целулитот.

Дневно да се издвои најмалку 30 минути за вежбање.

Да му се обезбеди на огранизмот доволно кислород. За тоа е најдобро да се поминува одредено време во природа и секако да се избегнува пушењето цигари.

x

Check Also

Домашен сок кој ги „топи“ и најупорните масни наслаги

Овој здрав природен сок од домати, лимон, ѓумбир, целер и лута пиперка ...