6 значи што покажуваат дека треба да вдомите куче

Ако имате куче што живее со вас во вашата куќа, тоа е најверојатно затоа што ви треба. Без разлика дали е од безбедносни причини или за дружење, секој љубител на кучиња зема куче дома за да ги задоволи своите специфични потреби.

На пример, ако имате аутистично дете или болен постар дома, може да се одлучите да донесете дома мало кученце, а постојат и специфични раси на кучиња за различни терапии за да обезбедат смиреност на вашето дете или пак, на постар човек со специјални потреби.

Но, има и луѓе кои не гледаат потреба од куче во нивниот живот. Ако сте таква личност, тогаш мило ни е што дојдовте на овој пост. Во продлжение ви претставуваме причини за тоа дали некој има потреба од дружење со ова домашно милениче.

Не сте физички активни

Дали ви е тешко да одржувате редовна рутина на вежбање? Дали копнеете повеќе да се движите, но немате постојаност во тоа? Ако е така, тогаш ова може да биде огромен знак дека можете да користите помош од куче во вашиот живот.

Да имате куче може да ве мотивира да продолжите со рутината на вежбање. Во деновите кога може да се почувствувате во искушение да прескокнете со тренинг, погледот кон вашето кученце како стои покрај вратата и со нетрпение чека да излезе на улиците може да ви даде дополнителен мотив да ја направите таа долга прошетка што постојано ја одложувавте.

Имате проблем со социјализацијата

Една од најзначајните придобивки од чувањето куче е и моженоста за социјализација. Ако вие или вашето детенце има проблем со социјализирањето, тогаш кученцето може да ви го реши овој проблем. Носејќи го кучето на прошетка добивата огромна можност за разговор со непознати лица кои исто така се љубители на кучиња. Поверојатно е да добиете куп погледи и зборови од минувачите ако имате покрај себе симпатично кученце отколку кога одите сами.

Значи, ако забележите дека луѓето не се секогаш премногу желни да водат разговор со вас или се чини дека се „стопувате“  во толпата каде и да одите, можеби тоа е знак дека ви треба „центар на привлечност“ – нешто со кое треба да привлечете внимание на себе.  За среќа, за тоа служат кучињата, особено оние слатките.

Се чувствувате депресивно

Ниту едно милениче не помага при депресија подобро од кучињата. Тоа е добро утврден факт. Ако се чувствувате депресивно или живеете со некој што го чувствува тоа, кучето е вистински спас. Преку неколку студии е докажано дека кучињата имаат огромна важност во помагањето на депресивните луѓе да се врата во нормалноста.

Вашето дете е постојано алергично 

 

Ако имате деца кои секогаш се алергични скоро на сè со што доаѓаат во контакт, можеби тоа може да биде знак дека треба да внесете куче во семејството. Нашироко е објавено дека децата кои растат со кучиња во домот имаат помала веројатност да имаат алергии.

Значи, ако забележите дека вашите деца стануваат премногу алергични на работи на кои не би требало да бидат алергични, тогаш можеби е време да ги запознаете со нов член на семејството.

Ако ви е животот здодевен

Нормално е понекогаш да бидете осамени во животот. Сите ја минуваме таа фаза – фаза во која нема никој околу нас со кој да разговараме. Ако ова ја опишува вашата ситуација, тогаш очигледно е дека ви треба куче во вашиот живот. Не е новост дека кучињата се одлични придружници. Одлични слушатели се, пријател со кој треба да се движите и пријател со кој треба да се вратите дома. Кучињата се секако најблиските што некој може да ги добие сметајќи на релацијата пријател-човек. Значи, ако чувствувате дека ви е постојано здодевно и дека сте сами во животот, вдомувањето куче може да ви помогне да ја пополните човечката празнина.

Безбедносни причини

Конечно, ако живеете во средина во која грабежите и насилствата се честа појава, за вас вдомувањето куче не е избор, туку потреба. Кучињата можат да бидат ефикасен систем за безбедност во домот. И докажано е дека тие дури и ги одвраќаат провалниците во голема мера.

Ако сепак, живеете во мирна населба, а имате постојан страв, повторно се враќаме на истата потреба – вдомете си куче.

x

Check Also

HUAWEI P smart 2021 пристигна на македонскиот пазар со quad камера, стилски дизајн и батерија од 5000mAh 

Најновиот смартфон на Huawei, базиран на AppGallery – Huawei P smart 2021, ...