И домашните миленици ја следат модата со Fashionable Pets Mkd

Јулија и Fashionable Pets Mkd имаат невообичаено, ама многу слатко хоби. Имено, ги дотеруваат домашните миленици со супермодерни парчиња облека кои освен естетска функција служат за заштита од различни непогодни временски услови.  Со ова хоби Јулија почнала да се занимава од ноември, 2013 година. „Имав кученце и секое мое одење во странство го користев да му купам облека, бидејќи кај нас сеуште немаше голем избор. Но, бидејќи во странство облеката за миленици е исклучително скапа одлучив да најдам поевтина варијанта“, раскажува Јулија.

kuce gl

Каков е интересот на вашите пријатели за тоа да ги дотераат своите домашни миленици? 

Интересот за сега е на задоволително ниво. Пред да почнам да продавам облека, шетајќи го моето куче многумина ме прашуваа од каде му е облеката. И така добив идеа и за вакво нешто.

Само кучињата ви се „клиенти“ или модата ја следат и мачките?

Поголем дел од нашите „клиенти” се кучињата, но имаме и маченца, зајчиња и морски прасиња.

kuce11

Познато е дека кучињата со кусо влакно зиме имаат потреба од топла облека за шетање. Но, што е со оние со подолго влакно, што ним би им препорачале, поточно на нивните сопственици?

Има модели кое се без крзно (вештачко секако) и тие се најпрактични за овој вид на кученца. Иако сопствениците некогаш бараат и подебелки. За нив најчесто препорачување мантилчиња за на дожд, тенок водоотпорен материјал.

Се дотеруваат ли и големите кучиња, од типот на волчјак, акита, хаска…?

Да, ако може да се каже дотерување. За нив облеката повеќе е потреба, со цел да се заштитат од настинки, а и влакното од вода во случај на дожд.. За нив најчесто препорачување мантилчиња за на дожд.

Ваша препорака – какво парче за „стокмување“ е хит за оваа пролет?

Оваа пролет препорачуваме модели со убави и светли бои. Најчесто дуксерчиња и фустанчиња. Со оглед на тоа што доаѓа и период за свадби имаме и невестински фустанчиња и костуми за домашни миленици, со цел и тие да бидат дотерани за свадбите на нивните сопственици.

Се бараат ли гаќички за домашните миленички (од женскиот род) кога минуваат низ менструалниот период? Постои ли и такво парче облека кое е ем модно ем практично?

Да, гаќички се бараат 24/7, тие се прилагодени баш за кученца кога имаат период. Гаќичките се многу практични за сопствениците на женски кученца. Но, исто така има и појаси за машките кучиња кои се купуваат против бележење на терен.
kuce777

Што велите за летни костими за капење за милениците?

Летни костими да, но за сега во странство, во Македонија малку потешко. Но, никогаш не се знае. Може таа мода ќе дојде и кај нас.

Имате ли и штосни ремчиња, модни додатоци?

Да, има и ремчиња со името на миленикот, разни панделки и вратоврски.

Имате ли ваш фаворит модел на куче за дотерување?

Искрено не, сите се убави на свој начин, а за сопственикот секако неговото милениче си е најубаво.

 

За да стапите во контакт со тимот на Fashionable Pets Mkd посетете ја нивната Фејсбук страничка – ТУКА. 

 

x

Check Also

Ова е хит фустанче од ZARA, на Инстаграм е ѕвезда

Розовото фустанче од новата колекција на Zara стана хит на Инстаграм. И ...