7 чудни диети на славните личности за кои, веројатно, не сте чуле

Убавата телесна форма отсекогаш била предизвик, а за до неа да се дојде се практикувале најразлични формули. Некои од нив и навистина функционирале.

Кафка не јадел месо, а супата од компири и печурки била дел од неговото диетно мени

Кафка не јадел месо, а супата од компири и печурки била дел од неговото диетно мени

Диетата на Кафка

Диетната треска на Викторијанската ера се нарекува флетчеризам. Хорас Флечер, основачот на оваа диета, сугерирал дека за да се симнат килограми секој залок треба да се џкава најмалку 100 пати, а течностите пред да се голтнат да се задржуваат во устата за добро да се помешаат со плунката. Џвакањето е основа на оваа диета која имала дузина следбеници. Поддржувачите на оваа диета организирале вечери на кои со часови бавно се јадело. Меѓу славните, оваа диета ја подржувал и практикувал писателот Франц Кафка.

Диетата на Бајрон

Светот го знае по неговите стихови, но малкумина знаат дека Лорд Бајрон бил голем поддржувач на диетата – гладување. Сметал дека со внесување на исклучително мала количина на храна, поточно со гладување, неговото тело ќе биде здраво а неговиот ум – чист и остар.

Диетен режим со гладување

Диетен режим со гладување

Неговиот диетен режим набрзо бил прифатен од голем број луѓе, а изгледал вака – неколку суви бисквити, сода вода, и компири со оцет. Неговите следбеници диетата малку ја прошириле па таа дозволувала подоцна и малку ориз со оцет и зелена салата.

Диетата на Марија Калас

Познатата оперска пејачка Марија Калас сметала дека единствен начин да се загубат многу килограми е со помош на тенија.dieta kalas

Се шпекулира дека самата Калас така ги загубила килограмите, со намерно голтање на тенија, црв кој паразитира во дигестивниот систем. Ова диетно лудило благодарение на славната пејачка брзо станало популарно па на пазарот се појавиле различни апчиња за слабеење кои содржеле тенија.

Чудотворно апче

„Чудотворното апче ” од 1890-те години, гарантирало брзо слабеење. Било направено од естракт на неколку тревки со високи лаксативни својства. Апчето навистина делувало бидејќи екстремно го забрзувало метаболизмот, но набрзо се докажало дека не е здраво, а често предизвикувало диареја.

dieta tableta

Сапун за слабеење

Сапунот за слабеење е веројатно еден од најчудните начини за губење на килограми. Се појавил во 1900-те години и гарантирал дека едноставно ќе ја исплакнете од себе дебелината и маснотиите.

dieta sapun1

„Делува магично“, пишува во рекламата на сапунот за слабеење.

Лаки Страјк диета

Во 1920-те години, пред да знаеме сите дека цигарите се штетни за здравјето, производителот на цигарите Лаки Страјк ја лансира кампањата „Фатете се за Лаки наместо за слатко“.

dieta cigari

Ремен со вибрации

Ременот кој вибрира и на тој начин вашето тело вежба, беше суперпопуларен многу долг период – од 40-те до 70-те години. Дури подоцна се сфати дека оваа машина е апсолутно бескорисна.

dieta - vibracii

 

x

Check Also

Диета со зелка – совршена за топење на мастите во студените денови

Како да се ослободите од вишокот килограми во текот на есента и ...