7-дневна постпразнична диета за брзо враќање во фит форма

Доколку се чувствувате тромо, доколку се чувствувате заситени од „се по малку“ (или неконтролирано, од се по повеќе или многу), доколку си дадовте голема и длабока „воздишка“ за празничните денови кои траат од крајот на декември, време е да се вратиме во „нормала“.

d3

И покрај грижата на совеста за наталожените килограм-два плус, за само една недела може да се ослободиме од тежината и надуеноста која ја чувствуваме. При тоа, не мора да практикуваме некоја тешка диета, туку детокс-диета која се базира на конзумирање на што повеќе овошје, сезонски зеленчук, природни чаеви и јогурт.

Слободно вклучете ги интегралниот леб (кришка при секој оброк) и интегралните ориз и шпагети во детокс 7-дневното мени. Но, заборавете на саламите, чварките, кифличките, алкохолот и руските салати.

Денот во детокс диетата го почнуваме секогаш со цеден лимон во врела вода, а по желба и со смути од зеленчук или овошје. Одлично е ако пиеме по 3-4 филџани зелен чај дневно.

d4

Ден први – За појадок две јајца (омлет, варени или „на око“) со една кришка интегрален леб и половина авокадо, а денот го почнуваме со цеден лимон во врела вода. За ручек – риба со зеленчук. За вечера – само салата по желба, кришка интегрален леб, козјо сирење и чаша јогурт.

Ден втори –  Денот го почнуваме со лимонов сок и лажичка маслиново масло. Таа комбинација ги отстранува токсините од нашето тело. Продолжуваме со овесна каша. За ручек – пилешки стек со свежа зелена салата. За вечера – грејпфрут, јогурт и парче козјо сирење.

Ден трети –  За појадок смути од зеленчук. За ручек – риба со зеленчук. За вечера – туна салата со кромид и домати.

Ден четврти – За појадок овошје по желба. За ручек – мусака од зеленчук. За вечера – супа од брокула и јогурт.

d2

Ден петти – За појадок авокадо печено во рерна со јајце. За ручек – риба со лук и зеленчук. За вечера – туна салата со кромид и домати.

Ден шестти – За појадок овесна каша. За ручек – пилешки стек со зелена салата. За вечера – само салата по желба и чаша јогурт.

Ден седми – За појадок две јајца (омлет, варени или „на око“) со една кришка интегрален леб и половина авокадо, а да не заборавиме – денот го почнуваме секогаш со цеден лимон во врела вода и смути од зеленчук/овошје. За ручек – риба со зеленчук. За вечера – само овошје и чаша јогурт.

Во седмодневната диета се исклучени слатките, тестенините, тестото, белиот леб, шеќерите, засладувачите (природни и вештачки), а ги вклучуваме – цедениот сок од лимон и грејпфрут, сите смути направени од овошје и зеленчук, зелениот чај, јогуртот и водата. Интегралниот леб до кришка при секој оброк. За грицки и меѓуоброци – авокадо, киви, салата од туна, малку бадемчиња, путер од кикиритки, шака кикиритки, сиров и варен зеленчук, парче сирење, белки од јајца со кисели краставички и маслиново масло, семки од тиква.

x

Check Also

Што да се јаде за трајно да се загубат килограмите

 „Скокате“ од диета на диета, некои се повеќе успешни, а други без ...