7 лаги и вистини за лекување на грип и настинки

Со настинките и грипот се бориме од година в година, а лекувањето често го сведуваме на „бабини рецепти“. За да не бидете во заблуда да се лекувате погрешно, еве ги најважните 7 митови за грипот и настинките.

Витамин Ц – Иако многумина тврдат дека витамин Ц-то е добра превенција, фактите зборуваат дека килограмите цитрусно овошје нема да ја спречат настинката. Витамин Ц може само до некаде да го скрати времетраењето на настинката, но не може да ги ублажи симптомите.

Престојување на топло – Престорувањето во топла затворена просторија ни дава поголема веројатност да настинете отколку престојувајќи надвор на чист воздух, иако постои верување дека ако сме надвор на студено ќе настинеме. Фактите покажуваат дека најчести извори на зарази се токму затворените простории, како и компјутерските „глувчиња“, кои ги апсорбираат вирусите.
Пилешка супа-Дали пилешката супа ги олеснува симптомите на грип и настинки? Освен што има плацебо ефект (затоа што сме убедени дека не лечи), пилешката супа навистина ги прочистува дишните патишта.

Антибиотици – Многу распространето е мислењето дека антибиотиците лекуваат настинка, но сепак станува збор за мит. Антибиотиците се наменети за лекување на бактериски заболувања, а грипот и настинките не влегуваат во таа група.

Влажна коса – Грипот не се добива од влажна коса. Секако, ова не е препорака среде зимата да излегувате со влажна коса надвор, но стручњаците објаснуваат дека неисушената коса и ладното време немаат никаква врска со грипот. Туку со настинката. Како што е познато, грипот е предизвикан од вирус.

Бакнување – Поголем дел од инфекциите влегуваат во организмот преку носот и очите, а не преку устата. Всушност, едно истражување покажува дека само 8 отсто од луѓето се разболеле зашто се бакнувале со личноста која била грипозна. Многу посигурно е да се бакнете со некој кој е разболен, отколку да се ракувате со него, тврдат микробиолозите. Затоа е многу важно во борбата против грипот да ги миете често рацете.

Вежбање – И да и не. Физичката активност е добра за имунитетот. Ако редовно вежбате нема потреба да престанете да вежбате за време на настинката, совен ако имате висока температура и се чувствувате малаксано.

x

Check Also

Со вакви резултати не може да се пофали ниедна друга диета!

Сѐ со текот на времето се менува, па и диетите. Класичниот пристап ...