7 лаги и вистини за варење на тестенини до совршен вкус

Ги варите ли парвилно? Вкусноста на тестенините зависи од начинот на кој ги подготвувате.

Ако не додадете масло, тестенините ќе се залепат
Ова тврдење во целост може да го наречеме мит. Единствено што ќе постигнете со додавање на масло е сосот да не се залепи на тестенините. За да не се залепат тестенините доволно е само да ги варите во многу вода и повремено да ги измешате.
За варење не е потребно многу вода
Тотално неточно! За тестенините убаво да се сварат потребно е голема количина на вода. Поточно, на 500 грама тестенини се употребува најмалку 5 литри вода. Водата помага тестенините да не се залепат.
Водата мора да биде ладна
Неточно. Водата треба да биде зовриена, па дури потоа во неа се ставаат тестенините. Ладната вода ќе придонесе тестенините да се залепат. Кога тестенините ги вариме во вода која врие од нив ќе го добиеме најполниот и најбогат вкус кој во комбинација со сос прават совршен оброк.
Тестенините треба добро да се исцедат
Водата во која сте ги вареле тестенините не ја фрлајте туку со неа пригответе го сосот. Таа ќе го направи погуст и побогат сосот.
Нема потреба тестенините да се  солат додека се варат
Ако одлулчите да не ја посолите водата во која се варат тестенините, таа ќе биде блуткава и без вкус, затоа најпаметна одлука е водата да ја посолите добро уште пред да ги ставите во неа тестенините.
Тајната на добрите тестенини е во сосот
Ако ги прашате Италијанците ќе ви одговорат дека тајната е во добрите тестенини, а дури потоа доаѓа сосот. Тие тестенините не ги прелеваат со огромни дози на сос, туку сосот доаѓа во многу пристојна количина за да се почувствуваат сите компоненти на јадењето. Најдобар начин тоа да го постигнете е да ги сварите тестенините додека не бидат „ал денте“ (не многу варени), а потоа да ги ставите во сос и така да ги варите уште некоја минута за вкусовите во потполност да се поврзат.
Обликот на тестенините не е важен
Неточно. Постојат правила ки говорат кои тестенини со каков сос одат. Така сосовите со месо најдобро се сложуваат со рамните тестенини – шпагети и таљатели. Ретките сосови одат со капелини, додека густите сосови одат со тетсенини од типот на ригатони и пена во кои сосот може да се сокрие, а потоа да ве изненади и развесели.

x

Check Also

Ова е највкусниот десерт од јагоди (и гриз) во чаша!

Се подготвува брзо, а ваков гриз сеуште не сте пробале. Од состојки ...