7 модели на сандали и чевли од пролетната колекција на MANGO

Во колекцијата пролет/лето на модната марка Манго најдовме убав избор на сандали и чевли за претстојните сезони. Чевлите и сандалите се веќе достапни во продажба во продавниците Манго, а може да ги купите и на официјалната онлајн страница на Фешн Груп – ТУКА.

Акцентот е секако, на сандалите, кои се кај прстите затворени, а отворени кај петата. Дизајните се класични што ги прават погодни за секакви модни комбинации и различни прилики – подеднакво се погодни за деловна атмосфера, како и за дневни или вечерни излегувања. Со оглед на тоа што потпетицата е со умерена висина, лесни се и пријатни за носење.

И кај боите изборот е голем – може да се одлучите за посилна нијанса како жолта, сина или црвена, или за покласична црна или кафена.

Наш фаворит се портокаловите сандали со отворена пета, а вашиот пронајдете го во продолжение.

x

Check Also

Џиџи Хадид носи ремен и елек од новата колекција на MANGO

Топ моделот Џиџи Хадид е фотографирана во „кежуал“ издание, во макси фустан ...