7 модни комбинации: Како да носите еден ист „мал црн фустан“ во јануари

Претпразнични прослави, но и пријатни вечерни излегувања во јануари…Еден мал црн фустан може да ве „спаси“ од сите ситуации, да изгледате модерно дотерани, ако го искомбинирате со правилни парчиња.

Еве како за седум различни пригоди да носите ист мал црн фустан.

Со крзно

Палтенцето или бундичката од вештачко крзно секогаш додава глам на изгледот. Искомбинирајте го со црни хулахопки со дискретни цветови, класични црни салонки на висока потпетица, црвена чантичка и црвен кармин.

Со кожена јакна

За тренди изглед облечете кожена јакна врз малиот црн фустан, впечатливи големи обетки, плик-чанта и чевли во светла боја на кожа.

Со џемпер

Ако облечете убав џемпер врз малото црно фустанче ќе изгледа како да носите црна сукња. Одлично се сложува во високи чизми. Додадете светкави модни детали.

На „голо“

Празничната домашна атмосфера сосема поднесува да се појавите, облечени само во мал црн фустан. Додадете повеќе накит. Црните лакирани салонки одлично одат со ваква комбинација, како и крзнена чантичка која сепак, асоцира на зима.

Со тул-потсукња

Додајте на малиот црн фустан волум носејќи тул сукња под него. Класични црвени чевли и едноставен златен накит совршено одат со ваква комбинација.

Инспирирани од машкиот стил

Шик изгед ќе добиете ако црниот фустан го искомбинирате со потенка ролка која ќе ја носите под него. Металик чевличиња се идеални како и светкава чантичка за ваков моден изглед.

Класичен празничен изглед

Палтенце во темно црвена боја (или црвено плишано сако) со мал црн фустан – се гаранција за добар изглед. Додадете модерни детали, како црна чантичка со реси.

x

Check Also

ОУ „Григор Прличев“ од Охрид со поддршка на Халкбанк доби сензорна градина наменета за ученици со попреченост  

Основното училиште „Григор Прличев“ во Охрид, ја доби првата сензорна градина во ...