7 модни лекции кои може да ги научиме од Кејт Мидлтон

Идната британска кралица е позната по истенчениот вкус и префинет стил. Но, што може да учиме во однос на стилот и модата од војвотката од Кембриџ, Кејт Мидлтон.

1. Модните додатоци се исклучително важни. Понекогаш тие можат да го подигнат целиот „аутфит“.

2. Различни нијанси на црвена боја не се лош избор. Црвената и бургунди нијансите ќе изгледаат одлично заедно.

3. Мини чантите ви даваат фенси изглед.

4. Внимавајте на пропорциите: блузите или кошули со 3/4 ракави ќе се вклопат совршено со миди здолништа.

5. Не плашете се да ги повторувате модните парчиња за различни пригоди и во различни комбинации.

6. Чантата, чевлите и ременот инсистирајте да бидат во слична нијанса.

7. Инвестирајте во удобни и квалитетни чевли, особено кога станува збор за салони.

x

Check Also

Збогум на дизајнерот на чевли, Серџо Роси

Италијанскиот дизајнер на чевли Серџо Роси почина на 85 годишна возраст. Позитивен ...