7 начини за несекојдневна употреба на сода-бикарбона

Постојано читаме за неверојатни лекови, магични чаеви, козметички препарати од неверојатни состојки и други „направи сам“ работи, но во повеќето случаи се останува само на читање или неверување. Можеби и со право, затоа што денес може да се прочита се и сешто. Некогаш не спречува да пробаме и затоа што меѓу другите состојки се бара на пример, свеж лист од ендемски вид цвеќе кое расте само на Хаваи.
sbhw
Но тука зборуваме за извонредните ефекти од нешто што секој го има дома, во кујната, а тоа е сода-бикарбоната.
Употребата на сода- бикарбона е разновидна. Сигурно некогаш сте раствориле една лажичка сода -бикарбона во половина чаша вода, за да ви помогне со стомачните киселини. Секако сте ја употребиле и при готвење, но содата- бикарбона има широка поле на употреба: во медицински цели, во козметика, лична хигиена и друго.
Подолу набројаните ефекти се докажани и може едноставно да ги проверите:
1. Пилинг на раце
Земете малку сода- бикарбона (едно кафено лажиче) и употребете го вообичаено како средство за миење раце. Внимавајте да не ви „избега“ содата под млазот вода. Минута-две нежно тријте ги дланките од задната страна и потоа исплакнете. Резултатот е веднаш видлив – кожата после пилингот е чиста и нежна. По пилингот може да ставите некоја лесна крема за раце. Истиов рецепт може да го употребите и за пилинг на лицето и телото.
2. Шампон за коса
Друг пример за употеба во козметиката и личната хигиена е употреба на сода -бикарбона како шампон за коса.
Земете две-три (во зависност од бујноста на косата) кафени лажички сода бикарбона и употребете ги како шампон за коса. Исплакнете ја косата и повторете ја постапката. Косата ќе биде чиста и нежна, а најверојатно и комплетно ќе го отстраните првутот. Ефектот е уште повидлив во случај на мрсна коса или на коса на која се користат многу гелови.
Наместо миењето само со сода бикарбона, почеста е употребата на додавање на содата- бикарбона во малку шампон.
3. Паста за заби
Уште една многу едноставна и ефективна употреба е користењето на сода- бикарбона наместо паста за заби или како додаток на пастата за заби. На четкичката за заби ставете половина до една кафена лажичка сода- бикарбона и внимателно исчеткајте ги забите и исчистете ја усната шуплина и јазикот. Веднаш ќе го почувствувате ефектот.
Како и со шампонот за коса, наместо само со сода- бикарбона, може на четкичката прво да ставите тенок слој од пастата за заби, а потоа да додате сода бикарбона.
sbpz
4. Средство за чистење алишта
Пробајте ја содата-бикарбона и како средство за чистење тврдокорни дамки на алиштата.Ставете малку сода -бикарбона на дамката и истријте. Потоа едноставно исперете ја облеката и дамката ќе биде исчистена.
5. Течност за плакнење на уста и грло
Во половина чаша вода ставете една лажичка сода- бикарбона и мешајте додека не се растопи содата. Може да додадете и малку (најмногу половина лажичка) сол. Со плакнење на устата со оваа течност  микробите ќе ги уништите. Ваквата течност дава и извонредни ефекти при лекување на воспалено грло.
6. Дезодоранс
Сода- бикарбона е извонреден дезодоранс, поточно  извонреден неутрализатор на непријатни миризби. Наједноставно може да се употреби доколку ја нанесете како пудра/прав со тупфер.
Друг начин на употреба е следниот: Растворите една до две кафени лажички во половина чаша вода и доколку имате некое есенцијално масло со вашиот омилен мирис, додадете една капка.Така подготвената течност ставете ја во шишенце со прскалка за полесно нанесување на дезодорансот.
7. Сув шампон за коса
Сода-бикарбоната  е извонредна замена за спрејот за суво миење на косата во моменти кога немате време да ја измиете косата со вода.
Како да ја употребите? Ставете малку (не претерувајте) на коренот на косата и оставете 3-4 минути да делува и да ја впие маснотијата. Потоа истријте ја косата и убаво исчешлајте ја.
Ова се само неколку проверени несекојдневни примени на сода- бикарбона каде што ефектот е веднаш видлив. Таа се употребува уште на многу други начини – како средство за чистење во домаќинството, против изгореници, како маска за лице и други примени и затоа може да кажеме дека е волшебна.

 

x

Check Also

Burberry лансираше нов женски парфем – Her

Her е нов женски парфем од луксузната модна и козметичка марка Burberry.  За ...