7 нови парфеми од Луј Витон по достапни цени

Луксузната модна марка Луј Витон лансираше 7 парфеми кои имаат пристојни цени со цел да бидат достапни и на средната класа. До сега најевтините работи со потпис од Луј Витон што можеа да се купат беа модните додатоци, од типот на марама, кои чинеа меѓу 200 и 300 евра. Сега пак, парфемите ќе се продаваат по цена од 200 евра за шишенце од 100 мл.

l1

Парфемите се креирани од прочуениот нос Жак Кавалије (познат по парфемот Поем на Ланком) и ќе бидат достапни во 180 продавници на Луј Витон ширум светот.

l2

x

Check Also

Сите се луди по новиот тренд на коса за есен 2020, од Џенифер Лопез до Кејти Холмс

Се прашувате кој е најголемиот тренд меѓу фризурите за есен 2020 година? ...