7 проблеми со кои се среќаваат жените со големи облини

Ако имате тело во форма на круша, со тесен струк, позаоблени колкови и раскошен задник, сигурно сте се сретнале со некои од овие проблеми.

krusa 2

 

1. Добри фармерки

Да се најдат фармерки кои стојат како скроени за овие жени е еднакво на добивка на лотарија. Моделите кои одговараат на нивните задници им „играат” околу нивните струкови, а оние потесните не можат да ги облечат поради раскошниот задник. Практичен совет: Избегнувајте ги фармерките, наместо нив одберете фустан. Фустаните совршено прилегаат на жените со тело во форма на круша зашто ја нагласуваат женственоста.

2. Копнеж за памук

Поголемиот дел од гардеробата е направен од ликра и други еластични материјали под кои кожата тешко дише. Памучните материјали се најпријатни за носење, но тие во случајот на ваков тип на жени само ќе ги нагласат облините. Практичен совет: свилата е подеднакво многу пријатна за носење.

3. Купување преку интернет

Жените со тело во форма на круша треба да го избегнуваат шопингот преку Интернет, зашто конфекцискиот број во нивниот случај не е гаранција дека нарачаното парче облека ќе биде „по мерка“. Многу е поважен кројот. Сепак, ако е за утеха, воопшто  купувањето на облека преку интернет, иако е практична работа, не одговара на огромен број на жени. Нарачките „на слепо“ често се покажале како грешки,  бидејќи секое парче на облеката мора да се проба.

Ким Кардашијан, познато тело во форма на круша

Ким Кардашијан, познато тело во форма на круша

4. Мидер

Со оглед на тоа дека тешко наоѓаат соодветен конфекциски број на модни парчиња, често носат мидери кои им пречат. Практичен совет: Мидерот знае да биде исклучително секси и воопшто да не се чувствува на телото доколку го купите од специјализиран производител. Чини нешто повеќе од „обичниот“ мидер, но вреди за секој потрошен денар.

5. Неурамнотежени рабови на облеката

Кога жените со облини носат фустан, работ редовно се подигнува за неколку инчи – но само на задниот дел. Практичен совет: одберете фустан кој лесно „паѓа“ од струкот надолу. На тој начин и вниманието ќе го насочите кон вашиот тенок струк.

6. Бикини проблеми

При купување на костими за капење жените со тело во форма на крушка секогаш купуваат две големини од истиот костим за капење – еден поради соодветниот градник, а другиот поради гаќичките. Практичен совет: Што велите за едноделен, црн, секси костим?

7. Добар градник

За да пронајдат соодветен градник  кој нема да биде „залепен“ на грбот, а да обезбеди соодветна потпора за градите, им треба најмалку 3 часа. Практичен совет: спортските памучни градници го решаваат овој проблем.

 

x

Check Also

TIME AFTER SUNSET, поглед на пролетната колекција на MASSIMO DUTTI

Малгосија Бела е лице во новата кампања на шпанската модна марка Масимо ...