7 работи кои (можеби) не ги знаете за Кејт Мос

Кејт Мос ретко дава интервјуа, што во ова време на самопромоција, е малку чудно – таа не ја користи можноста за „себе-рекламирање“ во медиумите, а тоа пак сепак не и пречи да се задржи на врвот како една од најпрепознатливите супермодели во светот.

k2

Кејт вели дека се чувствува непријатно пред камера, што делумно ја објаснува нејзината неподготвеност да дава интервјуа, иако нејзините блиски пријателите објаснуваат дека таа „не затвора уста“ кога е во друштво. Еве уште неколку работи кои можеби не ги знаете за британскиот супермодел.

Кејт беше откриена на аеродромот ЏФК, на возраст од 14 години, од страна на модната агентка Сара Дукас.

И покрај нејзините бројни колекции за Топшоп, таа не се смета за дизајнер. Во интервјуто за Харперс Базар објаснува „Јас не сум моден дизајнер. Јас само ја сакам облеката. Никогаш не сум посетувала часови по дизајн. Не знам да скицирам. Не знам да сечам и кројам. Можам да направам фустан само од шамија. ”

Супермоделот пие до 15 чаши чај во денот.

Знае да приреди изненадување за пријателите. На пример, Џон Галијано го изненади за неговиот роденден во 2010 година. „Кејт и мојата пријателка Франческа [Катлер] организираа изненадување. Отидовме во еден нов бар кој тукушто се отвори во Савој. Кога јас пристигнав во барот, таму имаше дузина прекрасни луѓе кои не сум ги видел со години. Пристигна и Дејвид Боуви и почна да пее, му се придружи Дајана Рос, потоа и Тина Тарнер, а потоа и Барбра Стрејсенд “, расажува Галијано.

Кејт ја советуваше нејзината 16-годишна сестра да го напушти училиштето и да почне модна кариера.

Се прашувате зошто Кејт ретко дава интервјуа? -„Кога почнав да давам интервјуа пред многу години, бев многу загрижена како тие ќе бидат објавени. Кога ја почнував кариерата имав една прес конференција, и не бев свесна дека некој може да напише нешто навистина грозно, но тогаш се случи токму тоа, а јас си реков: „О, не, јас не сакам веќе да се вратам таму пред новинарите. Јас навистина не сакам да се изложам себе на таков вид на критика.” Оттогаш давам интервјуа само на одредени личности и за одредени проекти кои ми се допаѓаат.

Дури и супермоделите се чувствуваат несигурни. Кејт тврди дека никогаш не носи миди облека зашто во таква облека нозете и изгледаат како „пресечени“.

x

Check Also

Започна продажбата на HUAWEI MateBook 14s на македонскиот пазар

Потрошувачите кои ќе го купат уредот до 31 јануари 2022 година добиваат ...