7 работи кои можеби не ги знаете за Мила Кунис

Само пред четири месеци стана мајка, а убавата Мила Кунис на премиерата на филмот „Јупитер“ се појави во совршена форма, облечена во креација на „Долче и Габана“, и го собра целото внимание.

m8

Со неа беше нејзиниот вереник, шармантниот глумец Ештон Кечер, со кого првпат се бакнала во 1998 година, во една сцена од филмот „That ’70s Show“.

m3

Подоцна ќе признае дека била многу нервозна поради овој филмски бакнеж, бидејќи уште оттогаш чувствувала голема привлечност кон Кечер. Според некои гласини, парот неодамна тајно се венчал. Овие гласини станаа погласни кога на почетокот на годинава Ештон Кечер на својата Фејсбук страница сподели фотографија со порака „Среќна Нова година, со љубов семејство Кечер“. Сепак, тоа што сигурно го знаеме е дека овој пар има прекрасна ќерка родена пред четири месеци.

Еве неколку занимливости кои можеби не ги знаете за Мила Кунис:

1.

Родена е во Украина како Милена Марковна Кунис, а на 7-годишна возраст заедно со родителите кои добиле виза на лотарија, се сели во САД.

m7

2.

Нејзината кариера почнува во 1994 година, и тоа со рекламниот спот за Барби.

3.

На аудиција за филмот „That ’70s Show“отишла со само 14 години, а според конкурсот морала да има најмалку 18 години. Објаснила вака:  „Ќе наполнам 18 години на мојот роденден“ (не кажувајќи кога е тоа) и ја добила улогата.

m4

4.

Во 1998 година таа ја глуми помладата верзија на Анџелина Џоли во биографскиот филм Џиа. Во 2010 година пак, таа е рангирана меѓу петте топ глумици кои би можеле да ја заменат Џоли, поточно Лара Крофт во Томб Рајдер.

m6

5.

Мила Кунис има различна боја на очите, левото око и е зелено, а десното сино. Во раната младост претрпела недијагностициран иритис кој ја направил слепа на едното око. По операцијата видот и се ватил.

m5

6.

Се сеќавате на ѕвездата на филмот „Сам дома“? Мила Кунис и Меколи Калкин беа во врска цели 8 години, се до 2011.

m1

7.

Ослабела 9 килограми за улогата во филмот Црниот лебед. А кога снимањето на филмот завршило, едвај чекала да се „фрли“ на нејзината омилена храна – бургери и кинеска храна. Подоцна ќе рече „Ми беа потребни пет месеци да изгубам 9 килограми, а еден час само ми беше потребен да ги вратам“.

m2

x

Check Also

Повеќе харизма во личниот стил, со помош на додатоци

За многумина, зборот „стил“ претставува термин резервиран за изглед како од списанија ...