7 совети како правилно да го исперете џемперот за подолго да трае

Без разлика дали се волнени или од кашмир, или пак комбинирани, на џемперите не им е местото за перење меѓу другата облека и бараат поголемо внимание.

Во домашни услови може да перете џемпери од волна, акрил, памук, па дури и од кашмир. Сепак, прво проверете дали на џемперот има внатрешна етикета на која пишува „dry clean“, доколку има тогаш мора да го носите на хемиско перење.

проверете го составот на етикетата

проверете го составот на етикетата

1.

Во машина за веш може да се перат џемпери од акрил и вештачки влакна, не и памучни џемпери зашто ќе ја променат формата. Акрилните џемпери и оние од вештачки влакна се перат на 30 степени и без центрифуга. Добро е пред да го ставите во машина, прво да го спакувате во една навлака за перница, па така да го перете во машина.

djemper 3

2.

Ниту еден џемпер не треба да го ставите во машина за сушење на алишта.

3.

Рачното перење е најдобар начин да ги исперете памучните џемпери. Прво отстранете ги дамките доколку ги има, користејќи најблаг детергент и мало пешкирче. Потоа ставете го џемперот во кофа полна со студена вода во која ќе ставите течен детергент наменет за перење на волна. Не користите многу детергент зашто така потешко ќе го исперете џемперот.

djemper 4

4.

За најдобар резутат користете студена вода. Натопете го џемперот добро но не го тријте, не го стегајте и не го „вртете“.

5.

Кога ќе го плакнете, ставете под него пешкир. Откако ќе го исплакнете под млаз студена вода, завиткајте го во пешкирот.Стиснете го нежно да се исцеди и завиткајте го во ролна.

djemper 2

6.

Не перете повеќе џемпери одеднаш затоа што можат да ја променат бојата.

7.

Џемперот оставете го да се суши на собна температура, убаво послан врз пешкирот. Треба да се суши 24 часа. Кога ќе биде сув убаво здиплете го и никако не го ставајте на закачалка.

x

Check Also

Утревечер светска премиера на „Врба“ на Манчевски на Филмскиот фестивал во Рим

Светската премиера на филмот „Врба“ на Милчо Манчевски ќе биде утревечер на ...