7 среќни денови за свадба во 2019 година, според астролошките предвидувања

Кои се најсреќните датуми за венчавка во 2019 година? Проверете што велат астролозите.

6ти јануари

Бидејќи Венера, планетата на љубовта, ќе биде во нејзината највисока и најсовршена поставеност на 6ти јануари 2019. Тоа значи дека ќе има најмоќно и најхармонично влијание врз брачниот хороскоп и ќе осигура брак полн со неверојатна љубов!

21ви јануари

Полните месечини носат баланс, хармонија и кулминација на плановите. Ова ги прави многу поволни датуми за свадби, наспроти деновите со Млада месечина, што може да значи ослободување од старите навики и ослободување од минатото. Полната месечина во јануари, традиционално е наречена Полна Волчја Месечина, а ќе се случи на 21-ви јануари. Според астролозите оваа месечина осигурува силна врска и поврзаност меѓу брачните партнери.

21ви март

Оваа полна месечина е исто така наречена Супер-месечина, а се смета дека нејзината среќа и сила ќе се засилат со влијание повеќе од вообичаеното. На 21-ви март 2019, месечината ќе биде најголема и најсјајна, а од астролошка гледна точка е најсреќна за свадбени церемонии.

17ти јуни

Полната месечина во јуни оддамна се смета за моќна и среќна, уште од времето на старите племиња, а позната е како Полна Јагодеста Месечина. Во 2019 година таа ќе се случи на 17ти јуни, што го прави овој датум, според астролозите, совршен за свадба, а на младенците ќе им донесе сладок и плоден брак.

14ти септември

Полната септемвриска месечина е позната како Полна Пченкарна Месечина, или како Месечина на добрата жетва. Ваквата месечина ќе им помогне на младенците да имаат плоден и весел брак. Годинава таа ќе се случи на 14ти септември, и особено е погодна за свадби на оние кои сакаат да имаат бериќетен брак полн со дечиња.

12-ти декември 

Декемвриската полна месечина е позната како Полна Ладна Месечина и го означува периодот на долгите ноќи. Астролозите сметаат дека е совршен датум за зимска свадба. Годинава се паѓа на 12-ти декември, а симболиката е долг и спокоен брак.

22ри декември

22 декември е првиот ден од зимата на северната хемисфера и, и покрај студеното време, укажува на фаза на смиреност и разбирање. И покрај долгите темни ноќи, свадбите што се одржуваат на овој ден се посебен симбол на вечната светлина на љубовта која секогаш е присутна, дури и во мракот.

x

Check Also

Скопје повторно ќе блесне во гламур и сјај: Настанот „Story Awards“ ќе се одржи вторпат!

По успешното минатогодишно доделување на наградите „Story Awards“, на 25 март во хотелот „Александар Палас“ по вторпат ...