7 свежи идеи за есенско дотерување

Октомври е месец кој често ни предизвикува главоболка што да облечеме. Температурите се менуваат постојано, дури и во текот на еден ден, дождливото и намуртено време станува дел од секојдневието. Навистина, што да се облече, а да изгледаме свежо. Секако, и есента може да биде модно убава.

Па, кој е подготвен за модна игра?

Идеја 1.

Жолто, боја на сенф, златно…Ова се најубавите есенски бои кои ни го враќаат расположението. Не мора да биде жолто од главата до стапалата, но и може!

Што велите за златни патики кои се вистински есенски хит?!

mo-zolto

Идеја 2. 

Мантил. Совршено модно парче за врнежливо време. Поиграјте си со ременот. Не мора да го заврзете баш онака како што е редот. А и зошто да не – додадете друг ремен во контрастна боја кој ќе го привлече вниманието.

mo-mantil

Идеја 3.

Не ја заборавајте моќта на ракавиците!

Идеја 4.

Чорапи, кратки, ама не волнени туку најлонски – гаранција за елегантен изглед.

Идеја 5.

Нека потрае уште малку модата со „спуштена раменица“. Сега направете го тоа на поинаков начин (зашто разбирливо е, студи).

mo-3

Идеја 6.

И цветниот фустан може уште да го носиме, барем до крајот на октомври. Под него облечете ролка.

mo-4

Идеја 7.

Да се потсетиме од уличната мода кој е најголемиот хит на есента. Двобојните фармерки!

x

Check Also

Започна продажбата на HUAWEI MateBook 14s на македонскиот пазар

Потрошувачите кои ќе го купат уредот до 31 јануари 2022 година добиваат ...